Марко 12:38-40
Марко 12:38-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки и да ги поздравуваат по улиците, и заземаат предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.“
Марко 12:38-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Продолжувајќи да поучува, Исус рече: „Пазете се од вероучителите! Тие уживаат да се шетаат во долги мантии и да бидат поздравувани на јавните места. Ги сакаат челните места во храмовите и почесните места на гозбите. Тие им го изедуваат имотот на вдовиците, а божем се молат со долги молитви! Тие ќе бидат најстрого судени!“
Марко 12:38-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И во Својата поука, рече: „Чувај-те се од книжниците, кои сакаат: да одат во долги облеки; и поздрави по трговиштата; и први седишта во синагогите, и челни места на гозбите. Кои ги изедуваат домовите на вдовиците; и преправајќи се, се молат долго - тие ќе бидат судени построго!“