Неемија 9:19-21
Неемија 9:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ти, поради големото Свое милосрдие, не ги остави во пустината; облачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огнениот столб – ноќе за да им свети по патот, по кој требаше да одат. Ти им го даде Твојот благ Дух за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна. Четириесет години ги хранеше во пустината; но ништо не им недостасуваше, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа.
Неемија 9:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
а ти во бескрајно милосрдие не ги напушташе во пустината: облачниот столб не се криеше пред нив, дење ги водеше по патот, а пламениот столб ноќе светеше пред нив по патот по кој одеа. Им го даде Својот добар Дух, за да ги научи на мудрост, не им ја скуси Својата мана на нивните усти, и при жед им даваше вода. Ги крепеше четириесет години во пустината: ништо не им недостасуваше: ниту облеката им се кинеше, ниту нозете им отечуваа.