Римјаните 5:6-8
Римјаните 5:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Имено, уште додека бевме беспомошни, во вистинскиот момент Христос умре за нас, иако ние не го познававме Бога. Тешко би се нашол човек што би се понудил да умре дури и за некој праведен човек. За исклучително добар човек, можеби некој и би се решил да умре, но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да умре за нас уште додека бевме грешници.
Римјаните 5:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците. Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре. Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.
Римјаните 5:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците. За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре. Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.