Тит 3:4-7
Тит 3:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, Тој нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.
Тит 3:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет, кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества. Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос. Не оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.
Тит 3:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител, нѐ спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух, Кого богато Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител, та оправдани преку Неговата благодат да станеме наследници според надежта на вечниот живот.