#ЧитајЖивеј: Дела На АпостолитеПримерок
ПОМОЛИ СЕ ПРЕД ДА ЧИТАШ:
Пред да започнеш со читањето на секоја глава, помоли се со куса сопствена молитва или, пак, со следниве зборови:
Боже, те молам води ме во денешното читање на Библијата. Амин.
ИСТРАЖИ:
- Кој дел или делови од текстот ти го привлекуваат твоето внимание?
- Размисли зошто. Ти кажува нешто во врска со Бог? Ти кажува нешто за тебе? Можеби има сличност со твое искуство или ситуација? Или нешто друго?
ПРИМЕНИ:
- Што точно ти зборува денешниот текст? Ново разбирање за тоа кој и каков е Бог? За чекор што треба да го превземеш? Вредност или дејствување што треба да го прифатиш или промениш со Божја помош?
МОЛИТВА ПО ЧИТАЊЕТО:
Молитвата не е еднострана „дај-дај-дај“ активност. Моли се со, барем, три сегменти на ум:
- БЛАГОДАРНОСТ: Бог ти одговорил на молитва? Воодушевен си од текстот? Заблагодари му се на Бог доколку текстот те инспирира на нешто.
- ИСПОВЕДАЊЕ: Можеби денешниот текст ти прозборел за зло во твојот живот, кое го правиш на себеси, на другите или на Бог. Не го држи злото во себе туку во молитва кажи му го на Бог. Запамти: злото е како киселина. Го нагризува садот во кој се наоѓа - тебе.
- БАРАЊЕ: „Лебот наш насушен дај ни го и денес…” Бог сака да ги чуе твоите потреби. Слободно обрати му се со секоја твоја потреба од каков и да е карактер. Од наше искуство, тој сигурно ќе ја чуе твојата молитва и ќе ти одговори според негова проценка.
Свето Писмо
Опис за овој план
#ЧитајЖивеј е повик на Евангелска црква Соулкрафт да го започнеш или да го продлабочиш твоето следбеништво на Исус Христос преку читање на Библијата и примена на прочитаното во твојот живот. Ако не ја читаш Библијата, ќе талкаш. Без да ја примениш, читањето ќе ти стане ритуално трошење време. Сакаме да ти помогнеме во двете, #ЧитајЖивеј. *Плановите за читање се погодни за индивидуално и за групно читање.
More
Би сакале да му се заблагодариме на Soulcraft за обезбедување на овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.soulcraft.mk/