Бојното поле на умот – Побожност Примерок
Поголеми работи
Затоа ви велам, престанете да бидете постојано нелагодни (вознемирени и загрижени) за вашиот живот, што ќе јадете или што ќе пиете; или за вашето тело, што ќе облечете. Зар не е животот поголем [по квалитет] од храната и телото [далеку над и поубаво] од облеката? . . . И кој од вас со загриженост и вознемиреност може да додаде една мерка (лакот) на неговиот раст или во текот на неговиот живот? - Матеј 6:25,27
Ѓаволот постојано води војна на бојното поле на умот. Нашата душа е опиплива област помеѓу нашиот дух - местото каде што живее самиот Бог - и нашето физичко тело. Составена е од нашиот ум, волја и емоции - ни кажува што мислиме, што сакаме и како се чувствуваме. Кога нашиот ум постојано се исполнува со грижи, неспокојство и вознемиреност, нашиот внатрешен глас на увид и разбирање даден од Бога се губи. Во таа нестабилна состојба, ние повеќе не знаеме што е Божјата волја во врска со она што треба и што не треба да правиме.
Кога ние му дозволуваме на ѓаволот да го прегази нашиот ум со загриженост и вознемиреност наместо да го следиме Божјиот Дух, ние го живееме животот по тело и тоа нè држи надвор од Божјата волја. Римјани 8:8 вели дека „. . . оние што го живеат животот по телото [се хранат со апетити и импулси од својата телесна природа] не можат да Му угодат или да Го задоволат Бог, или да бидат прифатливи за Него.“ Ова не значи дека Бог не нè сака. Едноставно значи дека Тој не е задоволен, ниту ќе прифати, телесно однесување.
Бог се грижи за нас и за нашите потреби. Тој сака поголеми работи за нас отколку што ние сакаме за себе. Ние мора да се бориме напорно за да се спротивставиме на искушението да ги прифатиме бескрајните лаги на ѓаволот. Кога конечно ми беше доста да немам никаков мир во животот, јас донесов одлука да направам сé што требаше да направам за да го добијам тоа. Го прашав Бога што да правам. Неговиот одговор беше јасен: „Џојс, треба да започнеш да живееш на подлабоко ниво.“ На крајот, Господ ми рече дека подлабокото ниво на кое требаше да живеам е нивото на Духот.
За да можеме вистински да уживаме во изобилниот живот за кој Исус умре за да ни го даде, треба да престанеме да се грижиме за тоа што мислиме дека сакаме и што ни е потребно, и да почнеме да ги следиме поттикнувањата на Светиот Дух. Ова е пораката против загриженоста. Не е важно дали вашата потреба е храна, работа, вистинска облека, најдобри училишта за вашите деца, вашата иднина или иднина на вашето семејство - Бог знае и Бог се грижи. Трикот на сатаната е да шепоти: „Бог не се грижи за вас. Ако Бог навистина се грижеше, ти не би бил во овој хаос.“
Кога ние се фокусираме на себеси - што немаме - ни останува малку енергија да се фокусираме на другите и да им помогнеме. Ние не даваме пари слободно кога се плашиме или сме загрижени дека ќе ја изгубиме работата или немаме доволно да ги платиме сопствените сметки. Но, кога имаме доверба во Бог да ја обезбеди секоја потреба, тогаш ние сме слободни да го споделиме она што го имаме.
Дозволете ми да ве охрабрам да престанете да се грижите за вашите сопствени потреби и наместо тоа да се фокусирате на Словото Божјо. Можеби дури и треба да си речете гласно, „Бог ме сака и ништо не може да ме одвои од Неговата убов. Тој ја слушна мојата исповед за гревот, Тој ми прости и ме очисти. Бог има позитивен план за мојата иднина бидејќи Неговото Слово вели така“ (види Римјани 8:38-39; 1 Јованова 1:9; Еремија 29:11).
Секој пат кога ќе се појават грижа и вознемиреност да ги испитат и украдат, вашата правда, мир и радост, откријте што вели Словото Божјо, а потоа отворете ја устата и зборувајте го Словото. Крајната цел на Бог е да нè доведе до моментот каде без разлика што се случува, ние да останеме смирени. Кој ќе не смири? Одговорот на тоа прашање е силата на Светиот Дух што работи одвнатре во нас. Бог сака да ја развиеме навиката да трчаме кон Него за благодат и да се спротивставиме на лагите на ѓаволот. На крајот, вистината ќе победи и ќе го промени нашиот живот!
Мој небесен Татко, Ти благодарам што се грижиш за мене и ме уверуваш дека Ти ќе обезбедиш за секоја потреба што јас ја имам. Премногу често, јас дозволував грижата да влезе и да ја украде мојата радост или мојот мир. Поради грижи за мали нешта, понекогаш не сум во можност да се фокусирам на поголемите работи во овој живот што Ти ги правиш за мене. Во името на Исус Христос, ослободи ме од нештата што ме врзуваат за да можам да бидам потполно слободен да Те обожавам и да Ти служам. Амин.
Опис за овој план
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.
More
Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/