Живеј живот со цел!Примерок
„Зајакнувањето на нашата љубов кон Бога”
Развивањето на љубовта кон Бога можеби е поголем предизвик отколку кон пријател или член на семејството. Една првенствена причина е дека ние не можеме физички да го видиме Бога. Па за одржувањето и развивањето на љубовта кон Бога е потребна вера.
Верата ни дозволува да восприемаме вистинска љубов во нашите срца директно кон Бога, иако ние Него не можеме да го видиме со нашите физички очи. За да ја зајкнеме нашата љубов кон Бога, верата мора да биде активна во нашите Христијански животи.
Како што го читаме Божјиот Збор, ги набљудуваме Неговата Љубов и Неговата вклученост во нашите животи и другите и партнерството со Него во молитва, ние почнуваме да го познаваме Бога сè повеќе и повеќе. Познавајќи го повеќе со текот на времето ја потхранува вистинската зрела љубов за Него во нашите животи.
Зајакнувањето на нашата љубов кон Бога од верата во Него исто така зависи и од покажувањето на таа љубов на дело. Нашата љубов за Бога преку верата, придружена со нашата посветеност на Бога преку дејството е хемијата која е потребна за успешна, растечка, врска со Него.
Додека нашата љубов за Бога најверојатно ќе порасне како резултат на спроведувањето на нашата вера на дело, исто така е важно да се разбере дека ваквите дела не ја заработуваат љубовта на Бога и неговата милост кон нас.
Вистината е дека Бог веќе нè сака интимно и без услови долго пред ние воопшто да го запознаеме Него. Љубовта на Бога е нашиот вистинскиот извор: нашата љубов за Него и за другите.
Свето Писмо
Опис за овој план
Радосното живеење со цел е врз основата на врските, љубовта и верата. Ако бараш повеќе јаснотија за Божјиот план во твојот живот, влучи го овој план за да ти помогне да ги фокусираш своите потрага и откритие. Преземено од книгата „Вон овој свет: Христијански водич за раст и цел” од Дејвид Џ. Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk