Јован 5
5
Исцелувањето на болен човек во бањата Витезда
1Потоа беше еден празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим. 2#Неем 3,1.32; 12,39А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда#5,2 Бет-Зата, со пет тремови. 3Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата, 4зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравуваше од каква било болест да боледуваше. 5#5 Мојс 2,14; Лк 8,29Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години. 6Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“ 7Болниот Му одговори: „Господи! Немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; додека јас да дојдам, друг слегува пред мене.“ 8#Мт 9,6; Мк 2,11; Лк 5,24Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!“ 9#9,14; Мт 12,1; Лк 5,25; 13,14; Дела 3,8И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота. 10#9,16; 2 Мојс 20,8; Ер 17,21; Мт 12,2Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“ 11#9,11Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“ 12А тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“ 13#6,2-3.15; Мт 8,18; Мк 7,17Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ. 14#8,11; Мт 9,2; Мк 2,5Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“ 15#9,11А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној што го излекувал. 16#1 Мојс 2,2-3; 2 Мојс 20,10И затоа Јудејците Го гонеа Исуса и сакаа да го убијат, зашто тоа го вршеше во сабота. 17#7,23; 9,4А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.“ 18#2,16; 8,37.40; Мудр 2,16; Мт 14,5; 26,4; Фил 2,6Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога.
Исусовата власт
19 #
5,30; 8,28.42 А Исус им одговори на тоа и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не види што прави Отецот; бидејќи она што го прави Тој, тоа истото го прави и Синот. 20#3,35; 7,3.21; 14,10-12; 15,9; 17,23-24Зашто, Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сѐ што Самиот прави; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие. 21#1,4; 11,25; 1 Цар 2,6; Рим 4,17; Ефес 2,5Зашто, како што Отецот воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние кои сака. 22#3,17; 5,27; 9,39; 12,47; Дела 10,42Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот; 23#Лк 10,16; Фил 2,10-11; 1 Јн 2,23та сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ниту Отецот, Кој Го пратил. 24#3,11.15-16.18; 8,51; 10,27-28; 1 Јн 3,14Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. 25#5,28; 11,25-26.43; Мк 5,41; Лк 7,14; 8,54; Ефес 2,1.5Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат. 26#1,4; 6,53.57Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе; 27#5 Мојс 7,10-14; Мт 8,20; Евр 2,18и Му даде власт и да суди, зашто Тој е Синот Човечки. 28#11,43-44Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, 29#Дан 12,2; Мт 16,27; 25,46; Лк 14,14; Дела 24,15; 1 Кор 15,32; 1 Сол 4,16; Откр 20,13и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
Сведочење за Исуса
30 #
4,34; 5,19; 6,38; Лк 22,42 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати. 31#8,13-14Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинито. 32#3,26; 5,36-37.39; 8,18; 15,26; 19,35; 1 Јн 5,6-9Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене. 33#1,7.15.34; 3,27-30Вие пративте кај Јован и тој ви посведочи за вистината. 34#1 Јн 5,9Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие. 35#1,8; Сир 48,1; 2 Птр 1,19Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина за кратко време. 36#2,11; 3,2; 9,16.33; 10,25.38; 14,11; Мт 9,6Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот. 37#6,44-46; 8,18; 5 Мојс 4,12.15; Мт 3,17; 1 Јн 5,9И Отецот, Кој Ме прати, Сам посведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. 38#6,29; 8,37; 1 Јн 2,14И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пратил Тој. 39#1,45; 2,22; 5 Мојс 8,1.3; 30,15-20; Пс 118; Мт 1,22; Лк 24,27.44; Дела 13,27; 1 Птр 1,10-11; Откр 19,10Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. 40Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот. 41#7,18; 12,43; 1 Сол 2,6Од луѓе слава не примам, 42но Јас ве познавам дека во себе љубов Божја немате. 43#Мт 24,5.24Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите. 44#7,18; 8,50.54; 12,23.28.43; Рим 2,29; 1 Кор 4,5.7Како можете вие да поверувате кога примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате? 45#9,28; 5 Мојс 31,26-27; Рим 2,17Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да говори против вас – Мојсеј, на кого вие се надевате. 46#5 Мојс 18,15; Лк 24,27; Дела 3,22; 7,35.37Зашто, ако му бевте верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. 47#1,17; 6,32; Лк 16,29-31; 2 Кор 3,14-16Ако, пак, на неговите Писанија не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?“
Одоогоор Сонгогдсон:
Јован 5: MK2006D
Тодруулга
Хуваалцах
Хувилах
Тодруулсан зүйлсээ бүх төхөөрөмждөө хадгалмаар байна уу? Бүртгүүлэх эсвэл нэвтэрнэ үү
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006