Mufananidzo weYouVersion
Mucherechedzo Wekutsvaka

Создавање 6

6
Бог решава да ги погуби луѓето
1 # Мт 24,37-39 А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, 2тогаш синовите Божји видоа дека ќерките човечки се убави и ги земаа, кои ги сакаа, за жени. 3#2,7; Јн 3,5-6И рече Господ: „Духот Мој нема вечно да ги одржува во живот луѓето, зашто тие се плот; деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.“ 4#5 Мојс 2,10; Мт 24,37А во тоа време имаше џинови на земјата, особено кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време. 5#Ер 5,1-5; 6,28; Пс 14,2-3И Господ виде дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се умножуваа, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. 6#2 Мојс 32,12-14; 1 Сам 15,35; Ер 18,8-10; 26,3; Јона 4,2И се покаја Господ што го беше создал човекот на земјата, па се натажи во срцето Свое. 7И рече Господ: „Ќе ги истребам од земјата луѓето што сум ги создал – од човекот до добитокот, малите гадинки и небеските птици – бидејќи се каам што ги создадов.“ 8#18,3; 2 Сам 15,25; Лк 1,30; Евр 11,7; 2 Птр 2,5Но Ное најде милост во очите на Господ.
Бог решава да го поштеди Ное
9 # 5,22 Еве го животот на Ное: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше според Божјата волја. 10И му се родија на Ное три сина: Сим, Хам и Јафет. 11А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда. 12И погледна Бог на земјата, и ете – таа беше расипана: бидејќи секое суш­тество беше се отклонило од својот пат на земјата. 13#18,20И му рече Бог на Ное: „Крајот на секое суштество дојде пред очите Мои, зашто земјата се исполни со нивните злодела; и, еве, Јас ќе ги истребам од земјата. 14#1 Птр 3,20Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер#6,14 Ова дрво било, најверојатно, од видот на кедарот или кипарисот; тие бавно гнијат., и направи прегради во ков­чегот; потоа намачкај го со смола од­нат­ре и однадвор. 15А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти. 16Направи отвор на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен. 17#Пс 29,10; 93,2-4; 2 Птр 2,5Јас ќе пуштам потоп, вода, на земјата, за да го истребам под небото секое суштество, во кое има животен дух; сѐ, што е на земјата, ќе изгине. 18#9,9; 17,2Но со тебе Јас ќе направам Свој завет, а во ковчегот ќе влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои. 19И внеси во него исто така од сите животни, од секое суштество да има по две, за да останат со тебе во живот; од машки и од женски пол да бидат. 20Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род – од сите по две ќе влезат при тебе, за да останат живи. 21И земи со себе секаква храна, со каква што се хранат, и чувај ја кај себе; тоа ќе биде храната за тебе и за нив!“ 22И направи Ное сѐ како што му заповеда Бог; така направи.

Zvasarudzwa nguva ino

Создавање 6: MK2006

Sarudza vhesi

Pakurirana nevamwe

Sarudza zvinyorwa izvi

None

Unoda kuti zviratidziro zvako zvichengetedzwe pamidziyo yako yose? Nyoresa kana kuti pinda