Verenga MAK2023
Tora Bible App iyi ikozvinoPakurirana nevamwe
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ ПРЕВОД НА НОВИОТ ЗАВЕТ
Ова издание на Новиот Завет е прв превод на македонски јазик од изворниот грчки текст. Замислата беше да се подготви текст што ќе биде поразбирлив за помладите поколенија и којшто ќе ја пренесе содржината на новозаветниот текст согласно со карактеристиките на современиот македонски јазик.
На секоја книга ѝ претходи вовед со кратки белешки околу авторството, настанувањето и содржината на новозаветниот спис, а на крајот е поставен додаток краток библиски речник за мерки и монети. Кратенките за книгите, како и имињата и називите во текстот се преземени од последното македонско издание на Светото Писмо, додека поделбата на глави и стихови е направена според изворниот текст.