Јован 2

2
Свадбата во Кана
1 # 4,46 На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исус беше таму. 2На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици. 3#19,26И кога приврши виното, Му рече на Исус Неговата мајка: „Немаат вино.“ 4#5,25.28; 8,20; 12,23.27; 13,1; 17,1; 1 Мојс 3,15.20; Мт 8,29; Мк 14,35; Откр 12,1Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ 5#1 Мојс 41,55Но мајка Му им рече на слу­жителите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“ 6#Мк 7,3А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според ју­дејскиот обичај за очистување, што собираа од две до три мери#2,6 две до три мери т.е. 80 до 100 литри.. 7Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе. 8Па им рече: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. 9И кога старосватот вкуси од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но служителите, што ја беа нацрпиле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот 10#Лк 5,39и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино досега.“ 11#1,14; 2,23; 12,41; Ис 66,19; Мт 12,38Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на Своите чуда и ја покажа Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него. 12#Мт 4,13; Мк 3,31Потоа Тој слезе во Капернаум со мајка Му, Неговите браќа и Неговите ученици; и таму останаа неколку дена.
Исус го очистува храмот
(Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46)
13 # 6,4; 11,55; 2 Мојс 12,1-27; 5 Мојс 16,1-6; Лк 2,41 Се приближуваше јудејската Пасха и Исус се искачи во Еру­са­лим. 14#Мал 3,1-4Во храмот ги затекна како седат оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари. 15И откако направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воло­вите; а на менувачите им ги растури па­рите и им ги испреврте масите, 16#Зах 14,21; Лк 2,49па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде! Не правете од до­мот на Мојот Отец, дом за трговија!“ 17#Пс 68,10 Тогаш Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ 18#4,48; 6,30; 20,29; Мт 12,38; Мк 8,11; 1 Кор 1,22А Јудејците, пак, одговорија и Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш, штом го правиш тоа?“ 19#Мт 26,61; 27,40; Дела 6,14Исус им одговори и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дена ќе го подигнам.“ 20А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?“ 21#Мт 12,6; 1 Кор 6,19Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело. 22#12,16; 14,26; 16,4; Рим 4,24А кога воскресна од мртвите, Неговите ученици се се­тија дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на словото што го беше рекол Исус.
Исус ја знае човечката природа
23 # 7,31; 11,47-48 А кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци што ги пра­ве­ше, поверуваа во Неговото име. 24#6,15; 16,30Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги знаеше сите, 25#13,11; Мк 2,8и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Kleurmerk

Deel

Kopieer

None

Wil jy jou kleurmerke oor al jou toestelle gestoor hê? Teken in of teken aan

Video vir Јован 2