И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа.
И им се јавија разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден над секого од нив.
И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат.