И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот, во еден миг, Му ги покажа сите царства на светот.
И Му рече ѓаволот: – Тебе ќе ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.
Но, Исус му одговори и рече: – Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: „На Господа твојот Бог ќе Му се поклонуваш и само Нему ќе Му служиш“!