Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 20

20
Празниот Исусов гроб
(Мт 28,1-8; Мк 16,1-8; Лк 24,1-12)
1 # Мт 27,56; Дела 20,7; 1 Кор 16,2 Во првиот ден од седмицата Марија Магдалена дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен. 2#13,23; 18,15; 19,26; 21,7.20Тогаш отрча и дојде кај Симон Пе­тар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го зема­ле Господа од гробот и не знам каде Го положиле.“ 3Тогаш излезе Петар и другиот ученик, и појдоа кон гробот. 4И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде до гробот. 5И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе. 6#11,40.44; 19,40; Лк 24,24По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои; 7а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку од­делно, свиткана на едно место. 8Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува, 9#5,39; Пс 15,10; Мт 5,17; Дела 2,27.31; 1 Кор 15,4зашто уште не го знаеја Писмото де­ка Тој треба да воскресне од мртвите. 10Тогаш учениците се вратија дома.
Исус ѝ се јавува на Марија Магдалена
(Мк 16,9-11)
11А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; 12#Мт 28,2-5; Мк 16,5; Лк 24,23; Евр 1,14; Откр 3,5; 4,4и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а други­от кај нозете, каде што беше лежело те­лото Исусово. 13#20,2Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто пла­чеш?“ Им одговори: „Го земале Гос­по­да мој и не знам каде Го положиле!“ 14#21,4; Лк 24,16; 2 Кор 5,16Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исуса како стои; но не знаеше дека е Исус. 15Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го поло­жил, и јас ќе Го земам.“ 16#Мк 10,51Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ 17#13,33; 14,2-3.28; 16,5-7; Пс 21,22; Мт 12,49; 28,10; Дела 1,3; Рим 8,29; 15,6И рече Исус: „Не допирај се до Ме­не, зашто уште не сум се вратил кај Мо­јот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ 18Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.
Исус им се јавува на Своите ученици
(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Лк 24,36-49)
19 # 14,18-19; Мт 18,20 А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ 20#15,11; 16,20.22; 19,34И ова штом го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се за­радуваа тогаш учениците, штом Го ви­доа Господа. 21#17,18; Мт 28,19; Мк 16,15А Исус пак им рече: „Мир вам! Ка­ко што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.“ 22#1,33; 7,39; 1 Мојс 2,7; Ез 37,9; Мудр 15,11; Дела 1,8; 1 Кор 15,45И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! 23#Мт 16,19; 18,18На кои ќе им ги простите гре­во­ви­те, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.“
Исус и неверниот Тома
24 # 11,16; 14,5; 21,2 А Тома, еден од дванаесетмината, наре­чен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. 25#19,34; 1 Кор 9,1Другите ученици му рекоа: „Го ви­довме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на ра­цете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ 26#14,27; 20,19А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“ 27#20,25; Мк 16,14; Лк 24,25.40Потоа му рече на Тома: „Дај го прс­тот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!“ 28Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“ 29#4,48; 17,20; 1 Птр 1,8Исус му рече: „Ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“
Целта на оваа книга
30 # 21,25 И многу други чуда изврши Исус пред учениците Свои, што не се за­пи­шани во оваа книга. 31#1,12; 3,15-16; Дела 2,36; Рим 1,4; 1 Јн 5,13А овие се запишани за да поверува­те дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.

Селектирано:

Јован 20: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се