Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 21

21
Воскреснатиот Исус им се јавува на седум Свои ученици
1 # Мт 26,32; 28,7 Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиве­ри­јад­ското Море. А тоа се случи вака: 2#1,45; 11,16; Лк 5,10беа заедно Симон Петар и Тома, наречен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови. 3#Лк 5,5Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дој­де­ме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија. 4#20,14; Лк 24,16А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус. 5#Лк 24,41Исус им рече: „Чеда, имате ли неш­то за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ 6#Лк 5,4-7А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе нај­де­те!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја из­влечат од многу риби. 7#13,23; 19,26; 20,2; 21,20; Мт 14,29Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Гос­под, си ја препаша облеката – зашто бе­ше необлечен, и се фрли во морето. 8А другите ученици, влечејќи ја мре­жата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти. 9#Мт 4,4; Лк 24,41-43Кога пак излегоа на брегот, видоа наложен оган, и на него ставена риба и леб. 10Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“ 11#2 Лет 2,16; Лк 5,6А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со крупни ри­би, на број сто педесет и три; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина. 12#4,27Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ. 13#6,11; Мт 14,19; 15,36; Мк 6,41; 8,6; Лк 9,16Исус пријде, зеде леб и им даде, исто така и риба. 14#20,19.26Ова беше веќе третпат како им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите.
Разговор меѓу Исус и Петар
15 # 1,42; 10,1-16; Мт 16,17; Лк 7,42-43; 1 Кор 15,5 А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јо­нин, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги јагненцата Мои!“ 16#Мт 2,6; Лк 22,32; Дела 20,28; 1 Птр 5,2; Откр 7,17Го праша пак, повторно: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли?“ Петар Му кажа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои!“ 17#13,37-38; 18,17.25-27; 2 Цар 5,2; Пс 77,71-72И по третпат му рече: „Симоне Јо­нин, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме сакаш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги овците Мои! 18#Мт 16,22; 26,39; Дела 21,11.14; 2 Птр 1,14Вистина, вистина ти велам: кога бе­ше помлад, сам се препашуваше и оде­ше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те препаша и поведе на каде што неј­ќеш.“ 19#12,33; 18,32; Мк 1,17; 1 Птр 4,16А ова го рече за да покаже со каква смрт ќе го прослави Бог. И штом го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“
Омилениот ученик и сведоштвото кое останува
20 # 13,23.25; 19,26; 20,2 А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној кого Исус посебно го сакаше и кој на вечерата се беше на­ва­лил на градите Негови и прашуваше: „Господи, кој ќе Те предаде?“ 21Штом го виде Петар него, Му рече на Исус: „Господи, а овој, пак, зошто?“ 22#Мт 16,28; 1 Кор 11,26; Јк 5,7; Откр 2,25; 22,7.12.17.20Исус му рече: „Ако сакам тој да ос­тане додека да дојдам, тебе што ти е? Ти врви по Мене!“ 23#14,3; 3 Јн 1,5И се пренесе овој збор меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека дојдам, тебе што ти е?“ 24#15,27; 19,35Тој е ученикот кој сведочи за овие нешта и кој го напиша ова; и знаеме дека све­доштвото негово е вистинско. 25#20,30А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!

Селектирано:

Јован 21: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се