Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 5

5
Разврат во црквата
1 # 3 Мојс 18,8 Од секаде се слуша дека кај вас има блудство и тоа какво што нема ду­ри ни кај незнабошците, односно дека некој држи таткова жена. 2А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној што го направил тоа дело. 3#Мт 18,18-20; 2 Кор 13,10#Кол 2,5Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа. 4Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мо­јот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос, 5#1 Тим 1,20да го предадете на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Гос­под Исус Христос. 6Вашето фалење не е добро. Не зна­ете ли дека малку квас го потквасува целото тесто? 7#2 Мојс 12,19.21; 13,7Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бес­квасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас. 8Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина. 9#2 Сол 3,14Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат, 10#Рим 1,29-31но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, зашто, инаку, би требало да излезете од овој свет. 11#6,9-10Но сега ви пишувам да не се дру­жите со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете. 12#Кол 4,5; 1 Сол 4,12Затоа, дали треба јас да ги судам надворешните? Нели ги судите вие внат­решните? 13#5 Мојс 17,7Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот меѓу вас.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се