1 Коринтјаните 6
6
За споровите пред суд
1Дали некој од вас, кога има спор против друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии? 2#Дан 7,22; Мт 19,28; Откр 3,21; 20,4Не знаете ли дека светиите ќе го судат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за помали работи? 3#2 Птр 2,4Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното? 4А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни! 5#Лк 12,57За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои? 6#2 Кор 6,15Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници! 7#Мт 5,39-42; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата? 8Но вие сами навредувате и нанесувате неправда и ограбувате, и тоа браќата свои. 9Или не знаете дека неправедните нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците, 10#15,50; Рим 1,29-31; 13,13; Гал 5,19-21; Ефес 5,5ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни разбојниците нема да го наследат царството Божјо. 11#Дела 22,16; Ефес 5,26; 2 Сол 2,13; 1 Јн 2,12А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.
Прославете Го Бога во своето тело
12 #
7,35; 10,23 „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене. 13#1 Сол 4,3-5Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото. 14#15,15.20; Рим 8,11; 2 Кор 4,14; 13,4А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја. 15#12,12-27; Рим 12,4-5Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христос? Ќе ги земам ли деловите од Христос и да ги направам делови на блудница? Тоа никако! 16#1 Мојс 2,24; Мт 19,5Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ 17#Јн 17,21-23; Рим 8,9-11; 2 Кор 3,17-18А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. 18#10,8.14; 1 Тим 6,11Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. 19#3,16; Јн 2,21Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе? 20#7,23; Фил 1,20; 1 Птр 1,18-19Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.
Селектирано:
1 Коринтјаните 6: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006