Дела 1
1
Предговор
1 #
Лк 1,1.3; 24,19 Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, 2#Лк 24,51па сѐ до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. 3#10,40-41; 13,31Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. 4#Лк 24,42-43; 24,49Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: 5#11,16; Лк 3,16Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.“
Исус се вознесува на небото
6А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го востановиш, Господи, царството Израелово?“ 7И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт; 8но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“ 9#Лк 24,50-51И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни. 10#Лк 24,4-6И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, 11#Лк 22,69и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте да оди на небото.“
Избран нов апостол на местото на Јуда
12Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова#1,12 Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење#1,12 Околу 2 километри.. 13#Мт 10,2-4И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. 14#4,32; Мт 18,19; Лк 8,19Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови. 15И во тие дни Петар стана меѓу браќата (а беа се собрале околу сто и дваесет души) и рече: 16„Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исус, 17#Лк 22,47зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба; 18#Мт 27,3-10но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба. 19#Мт 27,8И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи ‚крвна нива‘. 20#Пс 69,26; Пс 109,8Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘ 21И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, 22почнувајќи од крштавањето Јованово па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“ 23И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј; 24#15,8потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, 25#6,4за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“ 26И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.
Селектирано:
Дела 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006