Дела Вовед
Вовед
Делото на Лука опфаќа две новозаветни книги. Првата е неговото Евангелие, а втората Дела на Апостолите. Во првата книга, во Евангелието, Лука се задржува на периодот на земниот Исусов живот. Книгата, пак, Дела на апостолите започнува со описот на Исусовото вознесение (1,1-11) со кое се инаугурира времето на Црквата: Господ Исус во неа останува присутен преку Светиот Дух, кој ги вдахновува учениците.
Прикажувањето на собитијата е полно со живот. Се бележи растежот на христијанските заедници во јудејска средина, посебно преку мисијата на апостол Петар, за ширење на христијанството во Ерусалим, но и во места каде нема Јудејци: Антиохија, Коринт и Филипи. Преку приказите во текстот се насетуваат и тешкотиите на првата Црква и начинот на кој се тие разрешени, благодарение на Духот Господов.
Меѓу изворите на книгата да го спомнеме и она што би можело да се нарече „Дневник на Лука.“ За да го раскаже патувањето од Троада во Филипи, Лука се изразува во прво лице: „По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме...“ (16,10-40); понатаму е опишано Павловото патување од Филипи во Ерусалим, каде Павле е уапсен (20,5–21,18) и на крајот патувањето во Рим, каде Павле останува две години пред да биде осуден (27–28).
Книгата може да се подели на следниве целини:
План (1,8),
Почетоците на првата Црква во Ерусалим, по Исусовото вознесение (1,1–28,31),
Распространување на Евангелието меѓу другите народи (8,4–12,25),
Распространување на Евангелието во средоземноморскиот свет па сѐ до Рим, главниот град на Империјата (13,1–28,31).
Пораката пренесена и позната насекаде во светот, впрочем, е резимирана во проповедите и расправите на апостолите. Во нив може да се види дека Исус е претставен на сите, како на Јудејците, така и на нејудејците (паганите). Духот постојано ги вдахновува учениците преку Неговата личност, зборови и дела.
Настаните во книгата Дела на Апостолите го отвораат погледот кон она што Црквата што треба да го оствари: да се разгласи Евангелието, односно радосната вест за Исус Христос на сите луѓе и на сите краишта на земјата.
Селектирано:
Дела Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006