Создавање 32
32
1 #
24,60
А рано наутро стана Лаван, и ги бакна внучињата и ќерките свои, и ги благослови; па тргна Лаван и се врати во своето место.
Јаков се подготвува за средбата со Исав
2И Јаков тргна по својот пат и виде војска Божја спроти него; и го сретнаа ангели Божји. 3А кога ги виде, Јаков рече: „Ова е Божја војска.“ И затоа местото го нарече Маханаим. 4И прати Јаков пред себе гласници кај Исав, братот свој, во земјата Сеир, во областа Едом. 5Па им заповеда и рече: „Вака речете му на господарот мој Исав: ‚Еве што вели слугата твој Јаков: бев кај Лаван и досега се задржав таму; 6а имам волови, магариња и ситен добиток, слуги и слугинки; затоа испратив да го известат господарот мој, за да придобијам милост пред тебе.‘“ 7И се вратија гласниците кај Јаков и му рекоа: „Отидовме кај братот твој Исав, и ете тој ти доаѓа во пресрет со четиристотини души.“ 8А Јаков се уплаши многу и се загрижи; па ги раздели во две групи своите луѓе што беа со него, и ситниот, и крупниот добиток, и камилите. 9И рече: „Ако Исав удри на едната група и ја разбие, можеби втората ќе се спаси.“ 10#31,3И пак рече Јаков: „Боже на таткото мој Авраам, Боже на таткото мој Исак, Господи, Ти, Кој ми рече – ‚Врати се во земјата каде што си роден, и Јас ќе ти бидам добротвор!‘ – 11Не сум достоен за сите милости и добрини што му ги направи на слугата Твој; зашто само со стап го минав овој Јордан, а сега сум господар на два табора. 12#Пс 31,1-2; 59,2-10Спаси ме од рацете на братот мој, од рацете Исавови, зашто се плашам од него да не би, кога ќе дојде, да ме убие мене, и мајките и децата. 13#22,16-17; 28,13-14А Ти рече: ‚Навистина Јас ќе ти бидам добротвор, и ќе направам потомството твое да биде како песокот морски, кое од множество не ќе може да се изброи.‘“ 14#21,29-30; 1 Сам 25,18-19И преноќева таму таа ноќ, и зеде од сѐ што имаше при рака, па му испрати дарови на својот брат Исав: 15двесте кози со дваесет јарци, двесте овци со дваесет овни, 16триесет камили молзници со нивните камилчиња, четириесет крави и десет волови, дваесет магарици и десет магариња. 17И им ги предаде на слугите свои, секое стадо посебно. Па им рече на слугите свои: „Врвете пред мене и оставајте доволно растојание меѓу едното стадо и другото!“ 18И му заповеда на првиот, велејќи: „Кога ќе те сретне Исав, братот мој, и те праша, велејќи – Чиј си? – и – Каде одиш? – и – Чие е тоа што го тераш пред тебе? 19А ти кажи – На слугата твој Јаков, а ова му го испраќа како дар на господарот свој Исав, и ете, и самиот доаѓа по нас.“ 20Истото им заповеда и на вториот и на третиот, и на сите што одеа по стадата, велејќи: „Така кажете му на Исав, кога ќе го сретнете.“ 21И уште речете: „Ете, Јаков слугата твој, доаѓа по нас.“ Зашто си велеше: „Ќе го смирам со даровите што одат пред мене, па ќе му го видам тогаш лицето; можеби, и ќе ме прими.“ 22Така даровите тргнаа пред него, а тој преноќева таа ноќ кај таборот свој.
Јаков се бори со Бога
23 #
5 Мојс 3,16
И ноќта стана, па откако ги зеде обете жени свои и обете слугинки и единаесетте синови свои, го премина потокот Јавок на едно плитко место. 24А откако нив ги зеде и ги преведе преку потокот, пренесе и сѐ друго што имаше. 25#Ос 12,4-6; 2 Кор; 12,7-10А кога остана Јаков сам, тогаш Некој се бореше со него до зори. 26И кога виде дека не може да го совлада, му го стегна зглобот на бедрото негово, така што на Јаков му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него. 27Па тогаш рече: „Пушти Ме веќе, зора е!“ Но Јаков одговори: „Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш!“ 28И му рече: „Како се викаш?“ А тој одговори: „Јаков.“ 29#35,10Тогаш му рече: „Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израел; зашто се бореше со Бога, и со луѓето и ги победи.“ 30#2 Мојс 3,13-14; 33,20; Суд 13,17-18А Јаков праша и рече: „Кажи ми го името Твое!“ А Тој одговори: „Зошто прашуваш за името Мое?“ И го благослови таму. 31#Ис 6,5И Јаков го нарече она место со името Пениел, зашто рече: „Бога Го видов лице в лице, и останав жив.“ 32А сонцето беше изгреало кога го помина Пениел, и накривнуваше поради повредениот колк. 33Затоа синовите на Израел не ја јадат жилата кај зглобот од бедрото сѐ до денешен ден, бидејќи Јаков беше повреден во зглобната жила од бедрото.
Селектирано:
Создавање 32: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006