Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 48

48
Јаков ги благословува синовите на Јосиф
1 # Ис.Н. 14,4 Потоа му јавија на Јосиф: „Ене, татко ти е болен.“ А тој ги по­веде со себе двајцата синови свои, Ма­насија и Ефрем. 2И го известија Јаков, велејќи му: „Ете, синот твој Јосиф доаѓа кај тебе.“ А Израел собра сили и седна на постелата своја. 3#17,1; 35,6.11-12И му рече Јаков на Јосиф: „Се­силниот мој Бог Ел-Шадај ми се јави во Луз, во земјата Ханан, ме благослови, 4и ми рече: ‚Ќе те направам плоден и многуброен; и ќе направам од тебе да произлезат многу народи, ќе ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.‘ 5#41,50-52; 1 Лет 5,1-2А сега, двајцата синови твои, Ефрем и Манасија, кои ти се родија во египетската земја, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои, како што ми се Рувим и Симеон. 6Децата, пак, кои ти се родија по нив, нека останат твои; а во наследството свое нека се викаат според имињата на браќата нивни. 7#35,16-20А кога се враќав од рамнината Арам, ми умре Рахила во хананската земја, по пат, близу до Ефрат, и јас ја погребав таму на патот за Ефрат, сега наречен Витлеем.“ 8А, откога ги виде Израел синовите Јосифови, праша: „Кои се овие?“ 9#Евр 11,21А Јосиф му рече на својот татко: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог овде.“ И рече Јаков: „Доведи ги кај мене, да ги благословам.“ 10#1 Сам 4,15Зашто очите на Израел му беа ослабеле од староста, па не можеше добро да гледа. А кога му ги доведе, ги прегрна и ги бакна. 11#37,35И му рече Израел на Јосиф: „Не се надевав дека ќе го видам лицето твое; но, ете, Бог ми ги покажа и твоите деца.“ 12Тогаш Јосиф ги истави од колената негови и се поклони со лицето доземи. 13Па ги зеде Јосиф обајцата, Ефрем во својата десна рака, спроти левата на Израел, а Манасија во својата лева рака, спроти десната на Израел, и ги приближи до него. 14А Израел ја пружи десната рака своја и ја стави врз главата на Ефрем, иако тој беше помал, а левата врз главата на Манасија. Така ги стави рацете намерно, макар што Манасија беше прво­роден. 15#49,22-26; Ез 34,15.23; Пс 23,1; 80,2-3; Јн 10,1-18И го благослови Јосифа, велејќи: „Бог, по чиј пат секогаш одеа пред него татковците мои Авраам и Исак, Бог, Кој ми беше Пастир, откако сум настанал па сѐ до денешен ден, 16#5 Мојс 33,17ангелот, Кој ме избавуваше од секое зло, нека ги благослови овие деца; со името мое и името на татковците мои, Авраам и Исак, по нив да се спомнува, и во многубројни мноштва на земјата да се намножат.“ 17А на Јосиф му беше тешко кога виде дека татко му својата десна рака ја стави врз главата на Ефрем. Па ја зеде татковата десна рака за да ја премести од главата Ефремова на главата Мана­сиева, 18и му рече Јосиф на татко си: „Не така, татко, зашто оној е првенец; стави ја својата десна рака врз неговата глава.“ 19#25,23Но таткото негов не сакаше, туку рече: „Знам, синко, знам, и од него ќе излезе народ, и тој ќе биде голем; но помалиот брат ќе биде поголем од него, и од неговото семе ќе произлезе многуброен народ.“ 20#12,3И ги благослови во оној ден и рече: „Преку вас ќе се благословува Израел и ќе се вели: ‚Бог нека ти направи, како што им направи на Ефрем и на Мана­сија.‘“ Така го постави Ефрем над Манасија. 21#15,16; 46,4А потоа Израел му рече на Јосиф: „Еве, јас умирам; но Бог ќе биде со вас и ќе ве врати во земјата на вашите татковци. 22И јас ти давам еден дел повеќе отколку на браќата твои; она што го зедов од Аморејците, со својот меч и со својот лак.“

Селектирано:

Создавање 48: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се