Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 49

49
Јаков го дава својот благослов на дванаесетте свои синови
1 # 5 Мојс 33 # 4 Мојс 24,14 Потоа Јаков ги повика своите синови и им рече: „Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ќе се случи со вас во идните времиња. 2Соберете се и послушајте ме, вие синови на Јаков, послушајте го Израел, таткото ваш: 3#29,32; 5 Мојс 33,6; Ис.Н. 13,15-23Рувиме, сине мој првороден, ти си тврдина моја и почеток на мојата сила; прв по достоинство и прв по моќ. 4#35,22Ти бликаш како вода; нема да се издигнеш, зашто се качи на татковото легло, и ја оскверни постелата моја, на која се качи. 5#29,33-34; 5 Мојс 33,8-11; Ис.Н. 13,14; 19,1-9Симеон и Левиј се вистински браќа, оружје на насилство се мечовите нивни. 6#34,25-31Во договарањата нивни да не учествува душата моја, ниту во собирот нивни славата моја; бидејќи тие во гневот свој луѓе убиваа, а за свое задоволство бикови сакатеа. 7Проклет да е гневот нивни, зашто е жесток; и лутината нивна, бидејќи е свирепа; ќе ги разделам по Јакова, и ќе ги растурам низ Израел. 8#27,29; 5 Мојс 33,7; Ис.Н. 15Јудо! Тебе ќе те слават браќата твои, и рацете секогаш ќе ти бидат врз плеќите на непријателите твои; и тебе ќе ти се поклонуваат синовите на таткото твој. 9#4 Мојс 23,24; Откр 5,5Јудо, лавче мое мало! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легнуваш како лав и лавица. Кој смее да те предизвикува? 10#4 Мојс 24,17; Ис 9,5-6; 11,1-9; Ез 21,32; Мих 5,1-3; Пс 2; 10Нема да се одземе жезолот од Јуда, ниту од бедрата негови, сѐ дури не дојде Миротворецот, Кому ќе Му се покоруваат народите. 11#Ис 63,1-6; Зах 9,9; Мт 21,2-6Тој го врзува за лоза своето магаре, а младото магаре на неговата магарица за дебела прачка; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое; 12очите му се потемни од вино, а забите му се побели од млеко. 13#5 Мојс 33,18-19; Ис.Н. 19,10-16Завулон ќе живее покрај море, до морско пристаниште, а границата ќе му биде до Сидон; 14#30,18Исахар е како цврсто магаре, легнат меѓу оградите; 15па, откако виде дека починката е добра, земјата пријатна, ги сви рамењата свои под трудот и стана роб на земјата. 16#30,6; 5 Мојс 33,22; Ис.Н. 19,40-48; Суд 5,17Дан ќе му суди на својот народ, како едно од племињата израелски. 17Дан ќе биде како змија на пат, како усојница на патека, која го каснува коњот за нога, и јавачот негов паѓа назад. 18#Ис 25,9Од Господ очекувам спасение! 19#30,11-13; Ис.Н. 13,24-28А Гад, ќе го нападнат разбојници, но тој, одејќи им по трагите, ќе ги совлада. 20#5 Мојс 33,24-25; Суд 5,17Кај Асир ќе има храна во изобилие; тој ќе им дава храна на кнезовите. 21#30,8Нефталим е како кошута на слобода, која дава убав подмладок. 22#30,24; 5 Мојс 33,13-17Јосиф е плодна гранка, плодородна гранка покрај извор, чии фиданки по­ми­нуваат над ѕидот. 23И го огорчуваа, и стрелаа по него, и го прогонуваа силните стрелци, 24но лакот негов остана јак, и мускулите на неговите раце останаа цврсти преку рацете на Моќниот (Бог) Јаковов, на пастирот и тврдината Из­раелова. 25#17,1-8Од Бога на таткото твој, Кој ќе ти помага, и од Семоќниот Кој ќе те бла­гослови со благослови одозгора од не­бото, со благослови од бездната подземна, со благослови од градите и од утробите. 26Благословите на таткото твој ги над­минаа благословите на старите пла­нини и убавините на вечните ридови; тие нека се спуштаат и нека бидат над главата Јосифова, и над темето на избраниот меѓу браќата свои. 27#35,18; Ис.Н. 18,11; Суд 5,14-21Венијамин е граблив волк, наутро ќе јаде лов, а навечер пленот ќе го дели.“ 28Тоа се дванаесетте колена израел­ски, и тоа им го изговори таткото нивни ги благослови: секого со посебен бла­гослов ги благослови. 29Потоа им заповеда, велејќи: „Јас се прибирам кај својот род, погребете ме при татковците мои, во пештерата што е во нивата на Хитиецот Ефрон. 30#23,19-20Во пештерата, што е во нивата махпелска, спроти Мамре, во земјата ха­нанска, која ја беше купил Авраам од Хитиецот Ефрон, за да има своја гробница. 31Таму ги погребаа Авраам и жената негова Сара, таму ги погребаа и Исак и Ревека, жената негова, а таму јас ја погребав и Лија; 32оваа нива и пештерата, што е во неа, е купена од синовите Хетеови.“ 33#48,2И престана Јаков да им говори на синовите свои, ги повлече нозете во постелата, па умре – и се прибра кај предците свои.

Селектирано:

Создавање 49: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се