Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 50

50
Погребувањето на Јаков
1Тогаш Јосиф падна врз лицето на својот татко, заплака над него, и го бакна. 2#46,4И им заповеда Јосиф на лекарите, кои беа во негова служба, да го балсамираат таткото негов; и лекарите го балсамираа Израел. 3И изминаа четириесет дена, зашто толку дни се потребни за балсамирање, и го оплакуваа Египќаните седумдесет дена. 4Штом изминаа деновите на жалоста, им рече Јосиф на големците фараонови, велејќи: „Ако сум нашол милост пред вашите очи, зборувајте со фараонот и речете му: 5#33,19; Дела 7,16‚Таткото мој ме заколна, велејќи: – Еве, јас умирам. Во гробот мој, што го ископав во земјата хананска, таму да ме погребеш.‘ – Па сега би сакал да одам и да го погребам таткото мој, а потоа ќе се вратам.“ 6А фараонот рече: „Оди и погреби го таткото твој, како што те заколнал.“ 7Потоа отиде Јосиф да го погребе таткото свој. А со него појдоа и сите слуги фараонови, старешините на до­мот негов и сите старешини на земјата египетска, 8и целиот дом Јосифов и браќата негови, и целиот дом на таткото негов. Само децата свои и ситниот и крупниот добиток свој ги оставија во земјата Гесем. 9Со него тргнаа, исто така, коли и коњаници, така што погребната поворка беше многу голема. 10А кога дојдоа во Горен Хатад, кој е од онаа страна на Јордан, заплакаа таму многу силно и жално. И Јосиф го оплакуваше својот татко седум дена. 11А луѓето од онаа земја, Хананците, кога слушнаа плачење во Горен Хатад, рекоа: „Голема жалост имаат Егип­ќаните.“ Затоа тоа место го нарекоа „Авел Мицраим“#50,11 Плач египетски, што е отаде Јордан. 12И направија синовите негови онака, како што им беше заповедал; 13#Дела 7,16го однесоа синовите негови во земјата хананска, и го погребаа во пеште­рата на нивата Махпела, што ја беше купил Авраам од Хитиецот Ефрон, спроти Мамре, за да има гробница. 14А Јосиф се врати во Египет, – тој и браќата негови, и сите, кои беа на по­гребот на неговиот татко.
По смртта на Јаков
15Кога видоа браќата Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа еден на друг: „Да не би да си спомне Јосиф за нашата омраза, па да ни се одмазди за сето зло, што му го направивме!“ 16Затоа рекоа да му кажат на Јосиф: „Татко ти остави клетва пред да умре и рече – 17#Мт 6,12.14; Лк 17,3‚Вака кажете му на Јосиф: Прости им ги на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти ги направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот ти Бог.“ А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа. 18#37,7.9Потоа дојдоа пред него и рекоа: „Еве, ние сме слуги твои.“ 19#45,5Јосиф им рече: „Не плашете се, зар сум јас наместо Бог? 20#Рим 12,17-21; 1 Сол 5,15Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се зачува животот на многу луѓе.“ 21И им рече: „Не плашете се, јас ќе ве прехранам вас и вашите деца.“ Така ги утеши, зборувајќи им од срце. 22И продолжи да живее Јосиф во Египет, тој и браќата негови и целиот дом на таткото негов: поживеа Јосиф сто и десет години. 23И ги виде Јосиф синовите Ефре­мови до третото колено; а и синовите на Махир, синот Манасиев, се родија на колената Јосифови. 24#2 Мојс 12,41Тогаш им рече на браќата свои, велејќи: „Јас ќе умрам; но Бог ќе ве посети и ќе ве изведе од оваа земја во земјата, за која им се заколнал на Авраам, на Исак и на Јаков.“ 25#2 Мојс 13,19; Ис.Н. 24,32; Евр 11,22Па ги заколна Јосиф синовите на Израел и им рече: „Кога Бог ќе ве посети вас, вие тогаш понесете ги коските мои одовде со вас!“ 26Јосиф умре на сто и десет години. Го балсамираа и го положија во ковчег во Египет.

Селектирано:

Создавање 50: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се