Евреите 1
1
Бог ни се објавува преку Синот
1 #
2,2; 12,25; 3 Мојс 12,6; Ос 12,11; Лк 1,55.70; Јн 9,29 Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, 2#2,8; 3,6; 5,8; 7,28; 9,26; 11,3; 5 Мојс 4,30; Ер 23,20; Пс 2,8; Мт 3,17; 11,27; 21,38; 28,18; Јн 1,3; Кол 1,16; 1 Птр 1,20во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите. 3#7,27; 8,1; 9,11-14.26; 10,12; 12,2; Мк 16,19; Јн 1,14; 14,9; 2 Кор 3,18; 4,4; Кол 1,17; Тит 2,14Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Севишниот во висините.
Величието на Божјиот Син
4 #
8,6; Ефес 1,21; Фил 2,9-10; 1 Птр 3,22 И стана толку повозвишен од ангелите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното. 5#5,5; 2 Сам 7,14; Пс 2,7; 1 Цар 17,13; Дела 13,33Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“ 6#10,5; 5 Мојс 32,43; Пс 89,27; Пс 97,7; Јн 3,16; Кол 1,18Исто така, кога Го воведе Првородениот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“ 7#Пс 104,4За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а служителите Свои огнен пламен“, 8#Пс 45,7-8а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое. 9#Ис 11,5; 61,1.3Тебе Ти омиле правдата, а го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста повеќе од Твоите придружници.“ 10#Пс 102,26-28#Јн 1,3И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; 11тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; 12#12,26.27; 13,8; Откр 6,14ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“ 13#Ис.Н. 10,24; Пс 110,1; Мк 13,19А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги поставам за подножје на нозете Твои?“ 14#Пс 34,7; 91,11; 103,20; Дан 7,10; Мт 4,11; Дела 12,11Нели се тие сите служителски духови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?
Селектирано:
Евреите 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006