Евреите Вовед
Вовед
Посланието до Евреите е упатено до група христијани кои биле изложени на жестоко противење. Писателот ги охрабрува да останат во христијанската вера, укажувајќи им дека Исус Христос е вистинското и конечно откровение од Бога за луѓето. Притоа, посебно се нагласени три вистини, и тоа:
(1) Исус е вечниот Божји Син, Кој ни ја покажа вистинската послушност кон Бога преку Своето страдање. Како Божји Син, Исус е над пророците и над ангелите, а поголем е и од Мојсеј.
(2) Бог Го прогласува Исус за вечен Првосвештеник, Кој е над сите старозаветни свештеници и првосвештеници.
(3) Нашето спасение од гревот, стравот и смртта е можно само со вера во Господ Исус Христос, како наш Првосвештеник. Сите обреди и жртви на животни се само сенка на вистинското спасение, кое е во Христос.
Наведувајќи низа примери на богоугодна вера кај познати библиски личности (11), писателот ги повикува и читателите да останат верни до крај (12), со поглед вперен во Христос и ги охрабрува да ги издржат сите страдања и прогонства. Посланието завршува со совети и предупредувања.
Селектирано:
Евреите Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006