Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 7

7
Свештеникот Мелхиседек
1 # 1 Мојс 14,17-20 Тој Мелхиседек беше цар салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога се враќа­ше од борбата со царевите, и го благос­лови, 2кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот. 3#4,14; 7,16; Јн 7,27Без татко, без мајка, без род, немаше ниту почеток на дните, ниту крај на животот и, по таков начин, е подобен на Синот Божји, и останува вечен свеш­теник. 4#1 Мојс 14,20Гледате ли колку е голем оној кому прататкото Авраам му даде десеток од најдобриот плен! 5#4 Мојс 18,21Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови. 6#Рим 4,13Но тој, кој не му припаѓаше на на­шиот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања. 7Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од пого­ле­ми­от. 8Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има све­доштво дека е жив. 9И, така да речам, Левиј, кој прима десетоци, и сам даде десеток преку Авраам, 10#1 Мојс 14,17бидејќи уште беше во бедрата на татко си кога го сретна Мелхиседек. 11#8,6-7; 10,1; Пс 110,4Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свеш­тенство, бидејќи врз основа на него на­родот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседек, наместо по чинот на Арон? 12Зашто, кога ќе се промени свештенството, тогаш се јавува потреба да се из­мени и законот. 13А Оној за Кого се зборува ова, се вбројува во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот; 14#1 Мојс 49,10; Ис 11,1; Мт 1,3; Откр 5,5зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.
Друг свештеник како Мелхиседек
15И уште појасно станува тоа кога се воздига слично на Мелхиседек друг свештеник, 16Кој станал таков не по силата на те­лесна заповед, туку по силата на веч­ни­от живот. 17#5,6; Пс 110,4Зашто се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседек.“ 18#10,9; 13,9; Рим 8,3А, пак, одменувањето на по­ра­неш­ната заповед се изврши поради тоа што таа беше слаба и бесполезна, 19#4,16; 6,18; 9,9; 10,1-2.4.11; Рим 3,20; 7,7-8; Гал 3,21; Јк 4,8зашто Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра на­деж, преку која се приближуваме до Бо­га. 20Тоа беше потврдено со заклетва. 21#Пс 110,4Зашто оние беа станале свештеници без заклетва, а Тој – со заклетва, преку Оној Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ‚Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.‘“ 22#8,6-10; 9,15-20; 10,29; 12,24; 13,20; Лк 22,20; 2 Кор 3,6Затоа Исус стана залог на толку по­добар завет. 23А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден; 24#5,6; 13,8; Лк 1,33а Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да мине на друг. 25#10,14; Јн 14,6; Рим 8,34; 1 Јн 2,1; Откр 1,18Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив. 26#4,14; 2 Кор 5,21Таков Првосвештеник и ни треба­ше: свет, непорочен, неосквернет, од­во­ен од грешниците и возвишен над небесата. 27#5,3; 9,12; 10,10; 2 Мојс 29,38-39; 3 Мојс 16,6.15Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва. 28#5,1-2.9Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе што се немоќни; а сло­вото на клетвата што е по Законот – Синот, Кој е вечно совршен.

Селектирано:

Евреите 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се