Евреите 8
8
Исус е нашиот Првосвештеник
1 #
1,3; 4,14; Пс 110,1; Дела 2,33 А најважното од ова што го зборуваме, е дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата, 2#9,11.24; 4 Мојс 24,6и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек. 3#5,1.3; 9,14Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе. 4#10,8Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови по Законот 5#9,2.8.23; 10,1; 2 Мојс 25,40; Дела 7,44; Кол 2,17и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше скинијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше покажан на планината.“ 6#7,22А сега Тој доби толку подобра служба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.
Промена на Заветот
7 #
7,11.18-19 Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор. 8#Ер 31,31-34Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Израелов и со домот Јудин ќе склучам нов завет, 9но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ. 10#10,16; 2 Кор 3,3; 6,16Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израелов во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ. 11#Ис 54,13; Авак 2,14И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат, 12бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ 13#Ер 31,31; 2 Кор 3,14; 5,17А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.
Селектирано:
Евреите 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006