Исаија 48
48
Господ го укорува Својот непослушен народ
1 #
5 Мојс 6,13; Ис.Н. 23,7; Ер 5,2; Амос 5,21; Мих 3,9 Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израел и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, Го спомнувате Бог Израелов, иако не по вистина и не по правда. 2#52,1; Амос 4,13; Мих 3,11Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бог Израелов; Јахве Саваот е името Негово. 3#41,22Поранешното Јас однапред го претскажав, и она што од устата Моја излегуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, – и сѐ се извршуваше. 4#2 Мојс 32,9; 5 Мојс 9,6.13; Ер 5,3Јас знаев дека ти си тврдокорен дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно; 5#42,9; 46,10; Ер 44,18затоа и однапред ти навестував, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: „Мојот идол го направи тоа, мојот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане.“ 6#42,9; 43,19Ти си го чул и видел сето тоа! И зар нема да го признаеш тоа? А сега те известувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел. 7Тоа се изврши сега, а не одамна и не пред еден ден, и ти не си слушал за него, за да кажеш: „Ете, јас го знаев тоа.“ 8#1,2; 41,26; 43,27; Пс 58,3Ти не си слушал, ниту си знаел за тоа, и увото твое порано не беше отворено; зашто Јас знаев дека ти ќе постапиш вероломно; од самата мајчина утроба си наречен отстапник.
Предупредување за Израел
9 #
41,20; Ез 36,22 Заради името Свое го одлагав Својот гнев и заради славата Своја се воздржував да не те истребам. 10#Зах 13,9; Пс 66,10Ете, те пречистив, но не како сребро, те испитав во печката на страдањата. 11#42,8; 48,9Заради Себе, заради Самиот Себе го вршам тоа, – зашто, каква навреда би била за името Мое! Славата Своја нема да ја дадам на друг. 12#41,4; 44,1.6; Откр 2,8Чуј Ме, Јакове и Израеле, повикан од Мене: Јас сум истиот, Јас сум првиот и Јас сум последниот. 13#42,5-6; 45,12; Пс 33,9; Рим 4,17Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница го распростре небото; ќе ги повикам, – и тие ќе се постројат.
Господ им се обраќа на народите
14 #
44,18; 53,10 Соберете се сите и слушајте: кој од нив го претскажал ова? Господ го возљуби, и тој ќе ја исполни волјата Негова над Вавилон и ќе ја покаже силата Негова над Халдејците. 15#45,13Јас, Јас реков, и го повикав; Јас го доведов, патот негов ќе биде успешен. 16#45,19; 61,1Пристапете кон Мене, слушајте го ова: Јас и во почетокот не говорев тајно; и кога се извршуваше тоа, Јас бев таму; и сега Ме испрати Господ Бог и Неговиот дух.
Слушајте Го Господа
17 #
41,14; 44,6 Вака вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израелов: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. 18#66,12О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда – како морски бранови. 19#10,22; 1 Мојс 15,5; 22,17; 1 Сам 24,22; Пс 37,38И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, – како зрнцата негови: името твое не би се истребило, нити избришало пред Мене. 20#41,8; Ер 50,8; 51,6.45; Пс 126,1-2; Откр 18,4Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгласувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувајте: „Господ го откупи Својот слуга Јаков.“ 21#40,3; 2 Мојс 17,1-7; Пс 78,15-16.20Не ожеднуваа тие во пустините, преку кои Тој ги води: Тој им извади вода од камен; пресече карпа – и бликнаа води. 22#48,18; 57,21Нема мир за лошите, вели Господ.
Селектирано:
Исаија 48: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006