Исаија 49
49
Божјиот слуга е виделина за идолопоклониците и спасение за Израелците
1 #
41,1; 44,2.24; Ер 1,5; Пс 2,7; Гал 1,15 Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мајчината Ми утроба го спомна името Мое; 2#51,16; Евр 4,12; Откр 1,16; 19,15ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше; 3#42,1; 44,23; Мт 3,17Тој Ми рече: „Ти си Мој слуга, Израеле, – во Тебе ќе се прославам.“ 4#40,10.27; 53,10-12; Ер 20,7; Гал 4,11Јас, пак, реков: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја.“ Но правото Мое е во Господ, и наградата Моја е во Мојот Бог. 5#43,4; Мих 5,3; Пс 110,3; Јн 17,5; Фил 2,8-11А сега вели Господ, Кој уште од утробата Ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израел; а кога ќе се собереме, ќе се прославам во Господ и Мојот Бог ќе биде Моја сила. 6#42,6; 60,3; Пс 98,2; Лк 2,32; Јн 1,4; Дела 13,47И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израелов, туку Јас ќе Те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господ до краиштата на земјата.“
Господ ќе го избави Својот народ
7 #
41,14; 44,6; 52,15; 53,3; 60,10 Така вели Господ, Искупителот на Израел, Светецот негов, на презрениот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ќе Те видат, кнезовите ќе станат и ќе се поклонат заради Господ, Кој е верен, заради Светецот Израелов, Кој Те избрал. 8#42,6; 54,3; Пс 69,13; 2 Кор 6,2Вака вели Господ: „Во благопријатно време Те чув и во денот на спасението Ти помогнав; и Јас ќе Те пазам и ќе Те направам завет на народот, за да ја подигнеш земјата, да им ги вратиш на наследниците опустошените наследства. 9#42,7; Пс 23,1-2Да им кажеш на затворените: излезете, и на оние, што се во темнина: покажете се. Крај патиштата ќе пасат тие, по сите ридови ќе бидат нивните пасишта. 10#4,5-6; 25,4-5; 35,7; 41,17; 4 Мојс 20,11; Пс 121,6; Јн 4,1; Откр 7,16Нема да трпат глад и жед, нема да ги удри припек и сонце; зашто Оној, Кој ги милува, ќе ги води и ќе ги доведе при извори водни. 11#11,16; 40,3-4И сите Мои гори ќе ги направам друмови, Моите патишта ќе бидат издигнати. 12#43,5-6; Пс 107,2-3Ете, едни ќе дојдат оддалеку; и ете – едни од север и од морето, а други – од земјата Синим.“
Божјата милост
13 #
40,1; 44,23; 52,9; Пс 69,10 Радувајте се, небеса, и весели се, земјо; воскликнувајте од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ и ги помилува Своите страдалници. 14#40,27; 54,8; Ос 11,8; Пс 22,1-2; 89,39-52А Сион велеше: „Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!“ 15#44,21; Ер 31,20Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. 16#44,5; 60,10; Песна 8,6Ете, на Своите дланки сум те врежал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене. 17Твоите ѕидари ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и пустошници ќе си отидат од тебе. 18#45,23; 60,4Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат, доаѓаат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, – со сите нив ќе се облечеш како со накит и ќе се промениш со нив како невеста.
Светла иднина за Ерусалим
19 #
Ер 51,34
Зашто твоите урнатини, твоите пустини и твојата разорена земја сега ќе бидат многу тесни за жителите, кога оние, што те голтаа, ќе си отидат од тебе. 20#47,9; 54,1-3; Плач 2,21Децата што ги имаш, бидејќи си ги изгубила поранешните, ќе ти говорат гласно: „Тесно е местото за мене; отстапи ми, за да можам да живеам.“ 21#1,2; 65,23; 66,8; Ер 31,27; Зах 2,8И ти ќе речеш во срцето свое: кој ми ги роди? Јас бев бездетна и бесплодна, одведена во плен и отфрлена; но, кој ги одгледа? – Ете, јас си бев сама; а тие каде беа? 22#11,10-12; 40,11; 60,4; 62,10Вака вели Господ Бог: „Ете, ќе ја кренам раката Своја кон народите, ќе им дадам знак на племињата, – и ќе ги донесат синовите твои на раце и ќерките твои – на раменици. 23#41,20; 45,3; 60,10.14-16; Ер 9,23; Пс 25,3; 72,9И царевите ќе бидат твои хранители, и нивните царици ќе бидат твои доилки; со лицето до земјата ќе ти се поклонуваат и ќе го лижат правот од нозете твои, и ќе дознаеш дека сум Јас Господ, дека оние, што се надеваат на Мене, нема да се посрамат.
Господ е на наша страна
24 #
Мт 12,29
Може ли да се одземе плен од силен, и можат ли да се одземат заробени од победникот?“ 25#41,11; Ер 31,11; Пс 35,1; Лк; 11,21-22Да, така вели Господ: и секој заробен од јунак ќе биде одземен и грабежот од тиранинот ќе биде вратен; зашто Јас се борам со твоите противници и ќе ги спасам твоите синови; 26#9,19; 41,14; 47,4; 60,16; Откр 16,6ќе ги нахранам твоите угнетувачи со нивното сопствено месо, ќе бидат напоени со својата крв како со ново вино; и секое тело ќе дознае дека Јас сум Господ, твој Спасител и твој Искупител, Силниот Бог Јаковов.
Селектирано:
Исаија 49: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006