Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 33

33
Аргументот на Елијуј: Бог го опоменува човекот
1 # 33,31 „И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сѐ што ќе ти кажам. 2Еве, ја отворам устата своја, јази­кот ми говори под непцето мое. 3Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ќе искаже чиста вистина. 4#34,14Духот Божји ме создал, и здивот на Седржителот ми дал живот. 5#33,32Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене. 6#31,15Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал; 7#23,15поради тоа стравот пред мене не може да те збуни, и раката моја нема да биде тешка за тебе. 8Ти зборуваше пред мене, и јас го чув гласот на твоите зборови: 9#10,7; 16,17‚Чист сум, без порок, невин сум; во мене нема неправда; 10#9,20.29; 13,24А Тој најде обвинение против мене и ме смета за Свој противник; 11#13,27; 19,6.11нозете ми ги стави во окови, ги надгледува сите мои патишта.‘ 12#4,19; 11,5-9Ете, во тоа ти не си прав, ти одговарам; човекот со Бога не може да се мери. 13#9,16; 23,8; 24,1.12Зошто ти е да се бориш против Него? Тој не дава сметка за Своите дела. 14#4,12-16; 7,14; 35,10Бог говори еднаш на еден начин а потоа на друг, но луѓето не внимаваат: 15на сон, во ноќно видение, кога со­нот ги соборува луѓето, во време, кога спијат на своето легло, 16#7,4.13; 30,27тогаш Тој му го отвора на чове­кот увото и го запечатува Своето кажу­вање, 17#35,12; 36,9-10за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него, 18#33,28-30; 36,11за да ја запази душата негова од бездна, и животот негов од пораз со меч. 19#16,12-15Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во сите коски негови; 20#6,6-7; Пс 107,18така што животот негов да се гади од лебот, душата негова – од омилената храна. 21#19,20Месото негово исчезнува; коските негови, кои пред тоа не се гледале, се подаваат. 22#17,13Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов – до смртта. 23#1,9-11Ако има кај него ангел, еден од илјада, за да му го покажува правиот пат, – 24#2,6Бог би се смилувал над него и би рекол: ‚Ослободи го од гробот; Јас најдов откуп.‘ 25#42,10Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; и тој ќе се врати во дните на младите свои години. 26#42,4-6Ќе Му се моли на Бога, и Тој ќе биде милостив спрема него; со радост ќе го погледнува лицето негово и ќе му ја враќа праведноста негова. 27#40,4-5Тој ќе ги гледа луѓето и ќе вели: сум грешел и сум ја искривувал правдата, и не ми е вратено со зло; 28#42,12Тој ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина. 29#5,17-18Ете, сето тоа Бог му го прави два до трипати на човекот, 30#28,28за да ја изведе душата негова од бездната и да го просвети со светлината на живите. 31Внимавај, Јове, слушај ме, молчи, јас ќе зборувам. 32Ако имаш нешто да кажеш, одговарај; зборувај, зашто јас го посакувам твоето оправдување; 33ако, пак не, тогаш слушај ме: молчи и јас ќе те научам на мудрост.“

Селектирано:

Јов 33: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се