Јов 34
34
Елијуј го обвинува Јов
1Продолжи Елијуј и рече: 2#12,2„Ислушајте го, мудри, зборот мој, и приклонете го увото кон мене, разумни! 3#6,30; 12,11Зашто увото ги разбира зборовите, како што непцето го разликува вкусот на храната. 4#15,5Да расудиме меѓу себеси што е право и да познаеме што е добро. 5#27,2Ете, Јов рече: ‚јас сум прав, но Бог ја отфрли мојата правда. 6#6,4; 9,29; 16,3; 27,4Треба ли да лажам против својата правда? Раната ми е неизлечива – рана без вина.‘ 7#19,3Има ли човек како Јов, кој ги пие подбивањата како вода, 8#18,21; 20,29; 22,5кој другарува со оние што вршат беззаконие и оди со безбожни луѓе? 9#16,17; 27,6; 29,2-5Зашто тој беше рекол: – нема полза за човек да Му угодува на Бога. – 10#32,3И така, чујте ме, луѓе разумни! Не може да има кај Бога зло или кај Седржителот неправда. 11#34,33Тој постапува со човекот според делата негови и му дава на секого според заслугите негови. 12#25,2-4Навистина, Бог не прави зло и Седржителот не суди криво. 13#12,9Кој, освен Него, размислува за земјата? И кој управува со вселената? 14#12,10; 27,3Ако Тој го свртеше срцето Свое кон Себе и го земеше при Себе нејзиниот дух и нејзиното дишење; 15#1 Мојс 3,19; Пс 104,29за миг ќе загинеше секоја плот и човекот ќе се вратеше во правот. 16И така, ако имаш разум, чуј го ова и внимавај на зборовите мои. 17#22,5-9Оној што ја мрази правдата, може ли да господари? И можеш ли ти да Го обвинуваш Сеправедниот? 18#5 Мојс 10,17Може ли да му се каже на царот: ‚ти си никаквец‘, и на кнезовите: ‚вие сте беззаконици?‘ 19Но Бог не гледа и на лицата на кнезовите и не цени богат пред сиромав, зашто сите тие се дело на раката Негова. 20#2 Мојс 12,29Тие умираат ненадејно; среде ноќ народот ќе се побуни и тие ќе исчезнат; без рака да се подигне, моќниците паѓаат; 21#31,4; Ер 32,19; Пс 33,14-15зашто Неговите очи се над патиштата на човекот; Тој ги гледа сите чекори негови. 22#12,22; Пс 139,12Нема темнина, ниту смртна сенка, каде што би можеле да се сокријат оние што вршат беззаконие. 23#24,1Затоа Тој не бара од човекот да оди на суд со Бога. 24#12,16-21Тој ги уништува силните без испитување и поставува други на нивните места, 25#24,13-17зашто Тој ги знае нивните дела; кога ќе настане ноќ – веќе ги нема. 26#24,22-25Ги поразува како беззаконици пред очите на другите, 27поради тоа што отстапиле од Него и не ги разбрале Неговите патишта, 28#31,35; 2 Мојс 22,22така што дојде до Него повикот од сиромасите, го слушна офкањето на угнетените. 29#13,24Ако Тој мирува, кој може да Го вознемири? Ако го сокрие лицето Свое, кој може да Го види? А тоа бива за сиот народ и за еден човек, 30#Проп 8,9за да не царува лицемерниот над народот и да нема стапица за народот. 31#32,21На Бога треба да Му се каже: ‚Претрпев, нема повеќе да грешам. 32#32,12А она што јас не знам, научи ме; ако сум направил беззаконие, нема повеќе да правам.‘ 33Според твоето ли разбирање Тој треба да наградува? И бидејќи ти отфрлуваш, на тебе останува да избираш, а не на мене; зборувај сѐ што знаеш. 34Умните луѓе ќе го кажат истото; мудрите ќе се согласат со мене, 35#8,2; 15,2; 18,2; 20,3дека Јов умно не зборува и дека зборовите негови не се разумни. 36#37,14Би сакал јас Јов наполно да биде испитан, според одговорите негови, зашто одговара како лошите луѓе. 37#27,5Инаку, кон гревот свој додава уште и беззаконие, плеска со рацете меѓу нас и уште повеќе ќе говори против Бога.“
Селектирано:
Јов 34: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006