Филипјаните 1
1
Поздрав
1 #
Дела 16,1; Рим 1,1; 2 Кор 1,1; Гал 1,10; Кол 1,1; 2 Сол 1,1; Јк 1,1; 2 Птр 1,1 Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите: 2#Рим 1,7; Гал 1,3благодат и мир вам од Бог, Отецот наш и од Господ Исус Христос!
Изразување благодарност и молитва
3 #
Рим 1,8-10; 1 Кор 1,4; Ефес 1,16-17; Кол 4,2; 1 Сол 1,2 Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас, 4#3,1; 4,1.4.10– во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас – 5#1,27-30; 4,3.14-18; Рим 15,26-27заради вашето учество во Евангелието од првиот ден, па сѐ досега, 6#1,10; 2,13.16; Јн 4,34; 6,28-29; 1 Кор 1,8; 1 Сол 4,15уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос. 7#Дела 21,33; Рим 1,5И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта. 8#Рим 1,9; 2 Кор 1,23Бог ми е сведок колку многу копнеам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос. 9#Кол 1,9-10И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, 10#1 Кор 1,8; Ефес 1,4; 1 Сол 3,13; 5,21.23; Евр 5,14за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, 11#Јн 15,8; Ефес 1,6.12.14; Евр 12,11; Јк 3,18полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.
Заробеништвото на Павле и успехот на Евангелието
12 #
Лк 21,13; Дела 8,1.4 Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието, 13#Дела 28,30; Ефес 3,1; 4,1; 2 Тим 2,9; Фил 1,9така што во целата преторија и меѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христос; 14и дека повеќето од браќата во Господ, поттикнати од моите окови, се осмелија, без страв да го проповедаат словото Божјо. 15#Дела 28,31; 1 Сол 2,2Некои, навистина, од завист и желби за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос: 16едни Го проповедаат Христос од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. 17А другите имаат желба да се препираат неискрено, мислејќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови. 18Другите, пак, проповедаат од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. 19#Јов 13,16; Мк 13,11; Дела 16,7; Рим 15,30; 2 Кор 1,11Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос, 20#1 Кор 6,12-20; 1 Птр 4,16како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт. 21#Рим 8,10-11; Гал 2,20; Кол 3,3-4За мене, „да се живее“ значи Христос, а „да се умре“ – придобивка. 22#Јн 15,1-8.16; Рим 1,13Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам. 23#2 Кор 5,6-9Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу подобро; 24но да останам во телото е попотребно за вас. 25#2 Сол 1,3; 1 Тим 4,15Уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата, 26#1 Кор 15,31; 2 Кор 1,14та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.
Постојаност во битката
27 #
4,3; Гал 5,1; Ефес 4,1-4; Кол 1,10; 1 Сол 2,12; 3,8 Живејте само достојно за Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се еднодушно за верата на Евангелието, 28#2 Сол 1,4-10и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бога. 29#Мт 5,10-12; Дела 5,41; 2 Сол 1,5; 1 Птр 1,6-7Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него, 30#2 Кор 11,24–12,10борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.
Селектирано:
Филипјаните 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006