Филипјаните 2
2
Единство во понизноста
1 #
2 Кор 13,13; Кол 3,12 И така, ако во Христос има некаква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание, 2#Рим 15,5; 1 Кор 1,10-16исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени; 3#Рим 12,10; Гал 5,26не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси! 4#2,21; 1 Кор 10,24.33; 13,5Не грижете се секој само за себе, туку и за другите! 5#Јн 13,15; Рим 15,5; 1 Јн 2,6Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, 6#Јн 1,1-2; 17,5; Кол 1,15; Евр 1,3Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; 7#Мт 20,28; Јн 1,14; Рим 8,3; 2 Кор 8,9; 1 Тим 2,5; Евр 2,14.17но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек; 8#Мт 26,39; Јн 4,34; 6,38; 10,17; Рим 5,19; Евр 2,9; 5,8; 12,2Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст. 9#Мт 23,12; Јн 12,32; Ефес 1,20-23; Евр 1,3-4Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, 10#Ис 45,23; Рим 14,11; Ефес 3,14; 4,10; Кол 1,18-20та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно, 11#Дела 2,36; Рим 1,4; 10,9и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.
Задача на христијаните
12 #
Пс 2,11-12; 1 Кор 2,3; 2 Кор 7,15 Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение, 13#1 Кор 12,6; 15,10; 2 Кор 3,5; Ефес 2,10; 1 Сол 2,13; Евр 13,21зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја. 14#4 Мојс 14,2.9; 1 Кор 10,10; 1 Птр 4,9Правете сѐ без мрморење и двоумење, 15#1,10; 5 Мојс 32,5; Дан 12,3; Мт 5,14; 10,16; 12,39; Дела 2,40за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот, 16#1,6; Ис 49,4; 65,23; Дела 20,24; 1 Кор 1,8; Гал 2,2; 4,11; 1 Сол 2,1.19; 3,5држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев напразно. 17#3,3; Рим 12,1; 15,16; 2 Тим 4,6Но, иако се излевам како жртва леаница и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас. 18#3,1; 4,4Така исто радувајте се и вие и зарадувајте ме!
Мисиите на Тимотеј и Епафродит
19 #
Дела 16,1
А се надевам во Господ Исус дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот. 20#1,15-17Всушност, немам ниту еден истомисленик, кој толку искрено би се грижел за вас. 21#2,4; 2 Тим 4,10Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос; 22#1,1.5а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето. 23Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене; 24#1,25; Рим 14,14а се надевам во Господ дека и сам скоро ќе дојдам кај вас. 25#4,18Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои, 26бидејќи тој копнееше да ве види сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен. 27Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга. 28Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален. 29#1 Кор 16,16; 1 Тим 5,17Примете го, пак, во Господ со секаква радост, и такви почитувајте, 30#Дела 20,24; 2 Кор 8,14; Кол 1,24бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.
Селектирано:
Филипјаните 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006