Изреки 27
27
1 #
20,24; Јк 4,14 Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден. 2#27,21Нека те фали друг, а не устата твоја, – туѓ, а не јазикот твој. 3#17,25Тежок е каменот, тежок е и песокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното – и од другото. 4#6,34Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта? 5#28,23Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов. 6Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази. 7#25,16Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко. 8#6,10-11Она што е птицата, што го напуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое. 9#20,5Маслото и темјанот го радуваат срцето; така е сладок пријателот со неговиот срдечен совет. 10#17,17; 18,24Не напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат надалеку. 11#10,1; 23,15; 29,3Биди мудар, синко, и радувај го срцето мое, – и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети. 12#22,3Умниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани. 13#20,16Земи му ја облеката, зашто се заложил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог. 14#28,23Кој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва. 15#19,13Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто: 16кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати. 17#18,17Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува. 18#25,13Кој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван. 19#27,10Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек. 20#13,8Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки. 21#17,3Она што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат. 22#26,11Безумниот да го толчиш со железо во дибек заедно со зрната, – безумието нема да се оддели од него. 23#12,9-11Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои; 24како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека. 25Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски, 26тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите – за купување ниви; 27ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.
Селектирано:
Изреки 27: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006