Изреки 28
28
1 #
10,25.30 Безбожниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел како лав. 2#11,11Кога земјата ќе отстапи од законот, тогаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна. 3#10,15Човек сиромав кој врши зло над слабите е исто како излеан дожд, кој нанесува штета. 4#28,7.9; 29,18Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што го почитуваат законот, негодуваат против нив. 5#2,9Лошите луѓе не ја разбираат справедливоста, а оние, што Го бараат Господа, разбираат сѐ. 6#19,1Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној што ги искривува своите патишта, макар и да е богат. 7#23,20Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татко си. 8#13,22Кој го умножува имотот свој преку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите. 9#15,8; 21,27Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. 10#26,27Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро. 11#3,7; 18,17; 26,5.12Богатиот човек самиот се смета за мудрец, но умен сиромав ќе го разобличи. 12#11,10; 28,28; 29,2Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога безбожниците се издигаат, луѓе гинат. 13#12,13; 1 Јн 1,9Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван. 14#23,17Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја. 15#19,12Лав што рика и мечка гладна, тоа е безбожниот властодржец над беден народ. 16#15,27Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни. 17#27,20Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој. 18#10,27Кој оди непорочно, ќе биде неповреден; а кој оди по криви патишта, ќе падне на еден од нив. 19#12,11; 20,13Кој си ја обработува земјата, ќе се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ќе се насити со сиромаштија. 20#20,21Верен човек ќе биде многу благословуван, а кој брза да се збогати, не останува без казна. 21#24,23Не е добро да се биде лицемерен: таков човек и за парче леб ќе изврши неправда. 22#21,5Завидлив човек брза кон богатството и не мисли дека сиромаштијата ќе го стигне. 23#27,5-6; 29,5Кој разобличува човек, отпосле ќе најде поголема благонаклоност, отколку оној што му ласка со јазикот. 24#18,9; 19,26; Мт 15,5Кој го краде татко си и мајка си и вели: „Тоа не е грев“, тој им е соучесник на грабителите. 25#15,18.27Горделивиот предизвикува караници, а кој се надева на Господ, ќе преуспее. 26#3,5Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен. 27#22,9Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ќе биде проколнуван. 28#28,12Кога безбожните се издигаат, луѓето се кријат, а кога паѓаат, праведниците се умножуваат.
Селектирано:
Изреки 28: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006