Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 1

1
Неволји на семејството на Елимелех
1 # 2,6; 4,3; 1 Мојс 36,35; 4 Мојс 21,20; 2 Сам 21,1; 1 Цар 17,1; 18,1; 2 Цар 8,1-3 Во она време, кога управуваа судиите, настана глад во земјата. И еден човек од Витлеем Јудејски отиде да живее во моавските полиња, заедно со жена си и двајцата сина. 2Името на тој човек му беше Елимелех, името на жена му Ноемина, а двајцата синови негови се викаа Малон и Килион: тие беа од родот на Ефрат, од Витлеем Јудејски. И дојдоа во моавските полиња и останаа таму. 3Елимелех, мажот на Ноемина, умре, и таа остана со двајцата синови свои. 4#5 Мојс 23,4; Езд 9,12.14; Неем 13,23-27Тие си зедоа за жени Моавки – на едната името ѝ беше Орпа, а на другата – Рута; и живееја таму околу десет години. 5Но подоцна и обајцата синови нејзини, Малон и Килион, умреа, и остана таа жена без двајцата синови свои и без мажот свој.
Рута ја придружува Ноемина во Витлеем
6 # 1 Мојс 50,24; 2 Мојс 4,31; 13,19; Лк 1,68.78 Тогаш таа се крена со снаите свои за да замине од моавските полиња, бидејќи беше чула во моавските полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб. 7И таа тргна од она место, каде што живееше, и двете снаи нејзини со неа. Кога одеа по патот, враќајќи се во јудејската земја, 8#1 Мојс 24,28.67; 31,33; Суд 4,17; Песна 3,4Ноемина им рече на двете свои снаи: „Одете и вратете се секоја во куќата на својот татко; Господ нека ви направи милост, според тоа како постапувавте со покојните и со мене! 9#Суд 2,4; 21,2; 1 Сам 11,4; 30,4Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куќата на својот маж!“ И ги бакна. Но тие повикаа, и заплакаа, па 10ѝ рекоа: „Не, ние ќе се вратиме со тебе кај твојот народ.“ 11А Ноемина рече: „Вратете се, ќерки мои; зошто ќе доаѓате со мене? Зарем уште имам во утробата своја синови, кои би ви станале мажи? 12Вратете се, ќерки мои, одете си, бидејќи сум веќе стара и не можам да се омажам; па и да речев: ‚уште имам надеж‘, и дури оваа ноќ да се омажам и подоцна да родам синови, 13#2 Мојс 9,3; 5 Мојс 2,15; Суд 2,15; 1 Сам 12,15; 2 Сам 24,17; Ез 13,9ќе можете ли да чекате додека да пораснат? Можете ли да се воздржите да не се омажите? Не, ќерки мои, многу ми е жал за вас, зашто раката Госпо­дова се сврте против мене.“ 14Тие повикаа и пак заплакаа. И Ор­па се прости со свекрвата своја, а Рута остана со неа. 15Ноемина ѝ рече: „Ете, твојата јатрва се врати кај својот народ и кај своите богови; врати се и ти по јатрвата своја.“ 16Но Рута одговори: „Не ме принудувај да те оставам и да се одделам од тебе; каде што ќе одиш ти, таму ќе дојдам и јас, и каде ќе живееш ти, таму ќе живеам и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог – мој Бог; 17#1 Сам 3,17; 14,44; 20,13; 1 Цар 2,23; 2 Цар 6,31и каде што ќе умреш ти, таму и јас ќе умрам и ќе бидам погребана; Господ нека ме казни и уште полошо нека ми додаде, ако нешто друго освен смртта ме раздели од тебе.“ 18Ноемина, откако виде дека таа цврс­то е решена да оди со неа, престана да ѝ зборува. 19И одеа тие двете додека стигнаа до Витлеем; целиот град се возбуди поради нив, и прашуваа: „Оваа ли е Ноемина?“ 20Таа им рече: „Не ме викајте Ное­мина#1,20 Пријатна, мила, викајте ме Мара#1,20 Горчлива, зашто Семоќ­ниот ме исполни со премногу горчина. 21#2 Мојс 5,22; 4 Мојс 11,11; Ис.Н. 24,20; Ис 45,7; Зах 8,14Јас излегов одовде полна, а Господ ме врати празна: зошто да ме викате Ноемина, кога Господ ме принуди да страдам, Семоќниот ми испрати несреќа?“ 22И Ноемина се врати, а заедно со неа и снаата нејзина, Моавката Рута, која дојде од моавските полиња; тие пристигнаа во Витлеем, кога беше почнала жетвата на јачменот.

Селектирано:

Рута 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се