Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 2

2
Рута пабирчи на нивите на Вооз
1Ноемина имаше роднина по мажот, човек многу имотен, од родот на Елимелех, по име Вооз. 2#3 Мојс 23,22; 5 Мојс 24,19И Моавката Рута ѝ рече на Ноемина: „Ќе тргнам по нивјето и ќе собирам класје по оној во чии очи ќе најдам милост.“ Таа ѝ одговори: „Оди, ќерко.“ 3#1 Мојс 24,12; 27,20; 1 Сам 6,9; 2 Сам 1,6Таа отиде и почна да собира на една нива класје по жетварите. И се покажа дека таа нива му припаѓа на Вооз, кој беше од родот Елимелехов. 4#Суд 6,12; 1 Сам 17,37; 20,13; Пс 129,8И ете, Вооз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: „Господ со вас.“ Тие му одговорија: „Нека те благослови Господ!“ 5И Вооз го запраша слугата свој, надгледувачот на жетварите: „Чија е онаа млада жена?“ 6Слугата надзорник над жетварите, одговори и рече: „Таа млада жена е Моавка, дошла со Ноемина од моавските полиња; 7таа ни рече: ‚Оставете ме да берам и да собирам меѓу снопјата по жет­варите‘; дојде и остана тука од утрината досега; таа малку останува дома.“ 8И Вооз ѝ рече на Рута: „Слушај, ќерко моја, не оди да собираш на друга нива и не си оди оттука, туку остани со моите слугинки; 9гледај на која нива тие жнеат, и оди со нив; ете јас им заповедав на слугите свои да не ти пречат; кога ќе ожедниш, оди кај садовите и пиј, од каде што црпат слугите мои.“ 10#1 Мојс 17,3; 3 Мојс 9,24; 2 Сам 14,4.22Таа падна ничкум, се поклони до земја и му рече: „Со што заслужив толкава милост во твоите очи, па ме примаш, иако сум туѓинка?“ 11Вооз ѝ одговори и ѝ рече: „Ми рекоа за сѐ што си направила за свекрвата своја по смртта на мажот твој, дека си оставила татко, мајка и татковина и си дошла меѓу народ кој не си го познавала до вчера и завчера; 12#5 Мојс 32,11; Пс 17,8; 36,8; 57,2; 61,5; 63,8; 91,4; Мт 23,37; Лк 13,34Господ нека ти возврати за твоето дело, и да добиеш полна награда од Господ, Бог Израелов, кај Кого си дошла за да се засолниш под Неговите крилја!“ 13#1 Мојс 50,21; Суд 19,3; Ис 40,1-2; Ос 2,16Таа одговори: „Можеби ќе најдам милост пред очите твои, господаре мој! Ти ме утеши и ѝ зборуваше од срце на робинката своја, макар и да не вредам ни колку една слугинка твоја.“ 14#3 Мојс 23,14; 1 Сам 25,18; 2 Сам 17,28И ѝ рече Вооз: „Кога ќе приближи времето за јадење, дојди тука и јади леб и топи го залакот свој во оцет.“ И таа седна покрај жетварите. Тој ѝ даде леб; таа јадеше, се најаде, и уште ѝ остана. 15И стана да собира класје. Вооз им заповеда на слугите и рече: „Нека собира и меѓу снопјата, и не ја навредувајте; 16дури и од снопјата потфрлувајте и оставајте; нека собира и немојте да ја прекорувате.“ 17Така собираше таа на нивата до вечерта и го исчука собраното и тоа даде близу една ефа јачмен. 18Откако го зеде тоа, отиде во градот, и свекрва ѝ виде, колку беше собрала таа. И ѝ го даде она, што ѝ беше останало, откако се беше најала. 19#2,10И ѝ рече свекрвата: „Каде береше денес и каде работеше? Да биде благословен оној што те примил!“ Рута ѝ кажа на свекрвата своја, кај кого работела, и рече: „Човекот, кај кого денес работев, се вика Вооз.“ 20#3,9.12; 4,1.8.14И ѝ рече Ноемина на снаата своја: „Нека е благословен од Господ, поради тоа што не ги лиши од милоста своја ниту живите, ниту умрените!“ И ѝ рече Ноемина: „Тој човек ни е близок; тој е наш роднина.“ 21Моавката Рута одговори: „Тој дури ми рече – остани кај моите слугинки, додека да ја завршат целата жетва.“ 22И ѝ рече Ноемина на снаата Рута: „Добро е, ќерко, тоа што си одела со неговите слугинки, и така барем нема да те задеваат на друга нива.“ 23Така се приклучи таа кон Воозовите слугинки и собираше класје додека заврши јачменовата жетва и пченичната жетва, и живееше со својата свекрва.

Селектирано:

Рута 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се