Лука 11
11
ГЛАВА 11
(Зачало 55)
1Еднаш, беше Он на#Вторник од 23-та седмица по Педесетница: Во она време, беше Исус на едно место и се молеше; и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: – Господи, научи нѐ да се молиме, како што Јован ги научи своите ученици.
2А Он им рече: – Кога се молите, говорете: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата:
3лебот наш насушен дај ни го секој ден;
4и прости ни ги нашите гревови, зашто и самите ние му ги проштеваме на секој нашдолжник; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.
5И им рече: – Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: – пријателе, дај ми на заем три леба;
6оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам;
7а оној однатре да му одговори и рече: – не обеспокојувај ме; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти дадам.
8Ама ви велам, макар и да не стане да му даде затоа, што му е пријател, но ќе стане поради неговото настојување и ќе му даде колку што му треба.
(Зачало 56)
9И Јас ви кажувам:#Среда од 23-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: – Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
10Зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на тој што чука, ќе му се отвори.
Крај на вторникот
11И кој е тој татко меѓу вас, што, ако синот негов му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, – да му даде змија, место риба?
12Или ако побара јајце, – да му даде скорпија?
13И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку ли повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?
Крај на средата
(Зачало 57)
14Еднаш Он истера еден бес,#Четврток од 23-та седмица по Педесетница: Во она време, истера Исус еден бес кој беше нем, и кога бесот излезе, немиот проговори; и народот се чудеше.
15А некои од нив велеа: Он ги изгонува бесовите преку Веелзевула, кнезот на бесовите.
16А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.
17Но Он, знаејќи ги нивните помисли, им рече: – Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа;
18ако, пак, и сатаната се разделил самиот против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Веелзевула ги истерувам бесовите.
19И, ако Јас преку Веелзевула ги истерувам бесовите, тогаш синовите ваши преку кого ги истеруваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
20Ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.
21Кога силен човек ќе се вооружи и го припази домот свој, тогаш имотот негов е во безопасност.
22Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
(Зачало 58)
23Кој не е со Мене,#Петок од 23-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.
Крај на четвртокот.
24Кога нечистиот дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара спокој; и, не наоѓајќи, вели: – ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.
25Па, штом ќе дојде, го наоѓа изметен и уреден;
26тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога ќе влезат, ќе живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.
Крај на петокот.
Читај на св. Богородица
27А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: – Блажена е утробата што Те носела и градите, од кои си се хранел.
28А Он рече: – Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо и го пазат.
Крај на св. Богородица
(Зачало 59)
29Ана народот што се собираше, почна да#Понеделник од 24-та седмица по Педесетница: Во она време, на народот што се собираше, почна Исус да му говори: Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;
30зашто, како што Јона беше знак за ниневијците, така ќе биде и Синот Човечки за овој род.
31Јужната царица ќе излезе на суд со луѓето од овој род и ќе ги осуди, оти таа дојде од друга земја, за да ја чуе мудроста на Соломона; а, ете, тука е поголем од Соломона.
32И ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе ги осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
33Никој, пак, не клава запалено светило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.
Крај на понеделникот
(Зачало 60)
34Светило за#Вторник од 27-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Светило за телото е окото; ако твоето око биде чисто, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лукаво, и твоето тело ќе биде темно;
35затоа гледај: светлината што е во тебе, да не биде темнина.
36Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниту еден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со светлина.
37И кога зборуваше Он, еден фарисеј Го замоли да руча кај него. Он отиде и седна на трпезата.
38И фарисејот се зачуди, кога виде дека Он не си ги изми рацете пред јадење.
39Но, Господ му рече: – Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а, пак, внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.
40Безумни, не е ли истиот Оној што ја создаде и надворешноста и внатрешноста?
41Но, давајте милостина според своите сили, и сѐ во вас ќе биде чисто.
Крај на вторникот
(Зачало 61)
42Ама тешко вам,#Среда од 24-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Тешко вам фарисеи, оти давате десеток од нане и мирудии, и од секаков зеленчук, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате.
43Тешко вам, фарисеи, оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по улиците.
44Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.
45Одговори некој од закониците и Му рече: – Учителе, кога го велиш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.
46Но Он рече: – Тешко и на вас, закониците, бидејќи ги натоварувате луѓето со тешки бремиња за носење, а вие самите ни со еден прст не се допирате до тие бремиња.
Крај на средата
(Зачало 62)
47Тешко вам,#Четврток од 24-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Тешко вам, книжници и фарисеи, оти им ѕидате гробници на пророците, кои вашите татковци ги убија;
48со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници.
49Затоа и Божјата премудрост рече: Ќе им испратам пророци и апостоли, и едни од нив ќе убијат, а други – ќе прогонат;
50за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51од крвта на Авела, па до крвта на Захарија, којшто е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; самите не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат, им попречивте.
53А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи;
54Го демнеа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.
Селектирано:
Лука 11: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008