Лука 10
10
ГЛАВА 10
(Зачало 50)
1Потоа, Господ избра и други – седумдесет ученици#Петок од 22-та седмица по Педесетница: Во она време, избра Господ и други седумдесет Свои ученици (Ова и на светите апостоли). и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Самиот сакаше да оди,
2и им рече: – Жетвата е голема, а работници се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на жетвата Своја.
3Одете! Ете, Јас ве праќам како јагниња меѓу волци.
4Не носете со себе ни ќесе, ни торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте!
5И во која куќа ќе влезете, кажете: – Мир на овој дом!
6Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на него; ако ли не, тој ќе се врати во вас;
7и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преоѓајте од куќа в куќа!
8И во кој град ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе ви изнесат пред вас;
9лекувајте ги болните што се во него и говорете им: се приближи до вас царството Божјо!
10А во кој град влезете и не ве примат, излезете по раскрсниците негови и кажете:
11– И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го ова, дека се приближи до вас царството Божјо.
12Ви велам, дека во оној ден, на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.
13Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Оти, ако во Тир и Сидон се беа извршиле чудата што станаа кај вас, тие одамна, седејќи во вреќа и пепел, би се покајале;
14ама на Тир и Сидон ќе им биде полесно на Судот, отколку вам.
15И ти, Капернауме, којшто си се воздигнал до небо, до пеколот ќе паднеш.
Крај на петокот
(Зачало 51)
16Кој ве#Ова општо на св. апостоли и на ангелите: Им рече Господ на Своите ученици: Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме испратил.
17Седумдесетте, пак, се вратија со радост и велеа: – Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.
18А Он им рече: – Го видов сатаната кога падна од небото како молња.
19Еве, ви#Сабота од 27-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Еве ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква демонска сила; и ништо нема да ви наштети;
20но, не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што имињата ваши се напишани на небесата.
21Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: – Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, Оче, зашто таква била волјата Твоја.
Крај на св. апостоли, на ангелите, и на саботата.
Читај на св. Убрус
(Зачало 52)
22Па, откако се сврте кон учениците, рече: – Сѐ Ми#Понеделник од 27-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Сѐ Ми е предадено од Мојот Отец; и кој е Синот, не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Синот, и – кому што сака Синот да Му открие.
23И кога се обрна кон учениците, тивко им рече: – Блажени се очите, кои го гледаат тоа што го гледате вие!
24Зашто, ви велам, многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат што слушате вие, и не чуја.
Крај на понеделникот и на св. Убрус
(Зачало 53)
25И ете, стана еден законик и,#Недела 25-та по Педесетница: Во она време, еден законик пристапи кон Исуса и искушувајќи Го, рече: – Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?
26А Он му рече; – Што е напишано во Законот? Како читаш?
27Тој одговори и рече: – „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси“!
28И му рече: – Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.
29Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: – А кој е мојот ближен?
30Исус му одговори и рече: – Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му нанесоа рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.
31Случајно, по тој пат слегуваше еден свештеник и, кога го виде, си замина.
32Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде.
33Еден Самарјанин, пак, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали.
34И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него.
35А утредента, на кинисување, извади два сребреника, му ги даде на гостилничарот и му рече: – Припази го; и, ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам!
36Кој, пак, од тие тројца, ти се чини, дека му бил ближен на оној што падна во рацете на разбојниците?
37А тој одговори: – Оној што му направи милост. Исус му рече: – Оди и ти прави така!
Крај на неделата.
(Зачало 54)
38И кога одеа, влезе Он во#На сите Богородични празници: Во она време, влезе Исус во едно село; некоја жена, по име Марта, Го прими во својот дом.
39А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово.
40Марта, пак, беше се зафатила со многу работи и, кога застана, рече: – Господи, зар не сакаш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне!
41Но Исус ѝ одговори и рече: – Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи,
42ама само едно е потребно! Марија го избра добриот дел, што нема да ѝ се одземе.
Изостави на св. Богородица и премини на зачало 58
Селектирано:
Лука 10: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008