Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9

9
ГЛАВА 9
(Зачало 40)
1Па, откако ги повика дванаесетте,#Сабота од 24-та седмица по Педесетница: Во она време, Исус ги повика Своите дванаесет ученици им даде сила и власт над сите нечисти духови, и да лекуваат болести,
2и ги испрати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни.
3И им рече: – Не земајте ништо за по пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребро, ниту по две облеки да имате;
4но, во која куќа ќе влезете, тука останувајте, и оттаму тргнувајте на пат;
5а, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, за сведоштво на нив!
6А кога излегоа, тие одеа по селата, проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.
Крај на саботата
(Зачало 41)
7И род четворовласникот, кога чу#Четврток од 21-та седмица по Педесетница: Во она време, кога чу Ирод четворовласникот за Исуса што прави Он, беше во недоумение, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите;
8други, пак, дека се јавил Илија, а некои – дека воскреснал еден од старите пророци.
9И рече Ирод: – На Јована, јас му ја отсеков главата; ама кој ли е Овој, за Кого што слушам толку? И сакаше да Го види.
10А апостолите, кога се вратија, Му кажаа што направиле. Па, кога ги зеде, отиде насамо во пусто место до градот, што се викаше Витсаида.
11Но народот, штом разбра, тргна по Него; и кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување.
Крај на четвртокот
12А денот почна да намалува.
(Зачало 42)
И се приближија до Него дванаесетте#Петок од 21 седмица по Педесетница: Во она време, се приближија до Исуса Неговите дванаесет ученици и Му рекоа: Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; оти овде сме во пусто место.
13Но Он им рече: – Дајте им вие да јадат! Тие одговорија: – Ние немаме повеќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.
14Тие, пак, беа околу пет илјади мажи. Ама Он им рече на учениците Свои: – Кажете им да поседнат во групи по педесет.
15И направија така, и ги поредија сите.
16А Он, кога ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде на учениците, за да ги стават пред народот.
17И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет кошеви.
(Зачало 43)
18Еднаш, кога Исус#Понеделник од 22-та седмица по Педесетница: Во она време, кога Исус се молеше насамо, и учениците Негови беа со Него,
Крај на петокот
Он ги праша: – За кого Ме мисли народот?
19Тие одговорија и рекоа: – Едни за Јована Крстителот, други за Илија, а некои, пак, дека воскреснал еден од старите пророци.
20Он им рече: – А вие, за кого Ме мислите? Петар одговори и рече: – За Христа Божји!
21И Он строго им заповеда, никому да не кажуваат за тоа,
22велејќи, дека Синот Човечки треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и дека ќе биде убиен, и на третиот ден ќе воскресне.
Крај на понеделникот
(Зачало 44)
23Ана сите им зборуваше:#Вторник од 22-та седмица по Педесетница: Рече Господ: – Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене!
24Оти, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси.
25Зашто, каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а себеси се погуби или си направи зло?
26Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се посрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
27Вистина ви велам, Овде стојат некои, што не ќе вкусат смрт, додека не го видат царството Божјо.
Крај на вторникот
(Зачало 45)
28На осум дена по овие зборови, ги зеде#На Преображение на утрената: Во она време, Исус ги зеде со Себе Петра, Јована и Јакова, и се искачи на планината, да се помоли.
29И кога се молеше, видот на лицето Негово се измени, и облеката Му постана бела и светла.
30И ете, два човека разговараа со Него; а тие беа Мојсеј и Илија;
31па, кога се јавија во слава, тие зборуваа за Неговата смрт, со која требаше да заврши во Ерусалим.
32А Петра, и оние што беа со него, беше ги совладал сонот; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.
33И кога се разделуваа од Него, Петар Му рече на Исуса: – Учителе, добро ни е овде; да направиме три сеници: за Тебе една, за Мојсеја една, и за Илија една – не знаејќи што зборува.
34Кога го велеше тоа, одеднаш се јави облак и ги засени, и се уплашија, штом влегоа во облакот.
35И се чу глас од облакот, кој велеше: – Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!
36А кога се чу тој глас, Исус беше останал сам. И тие премолчаа и никому ништо не кажаа во тие дни за она што беа виделе.
Крај на Преображение
(Зачало 46)
37Ана другиот ден, кога слегоа од#Сабота од 25-та седмица по Педесетница: Во она време, кога слезе Исус од гората, Го пресретна многу народ.
38И ете, некој од народот извика: – Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син, оти ми е единец!
39Го прифаќа духот и тој наеднаш вриска; го крши силно, така што пена му се појавува; и кога ќе го измачи, одвај го напушта.
40Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.
41Одговори Исус и рече: – О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го синот твој тука!
42И тој, уште додека идеше, бесот го кутна и почна да го крши. Но Исус му нареди на нечистиот дух, и го излечи момчето, и го предаде на татка му.
43И сите се чудеа на величието Божјо.
Крај на саботата
(Зачало 47)
И додека се чудеа сите на сѐ што правеше Исус, Он им рече на учениците Свои:
44– Ставете ги#Среда 22 седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Ставете ги во ушите свои овие зборови: Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки!
45Но, тие не го разбраа овој збор; зашто беше сокриен од нив за да не го сфатат, а се бојеа да Го прашаат за неговото значење.
46И им дојде мисла: кој од нив е најголем.
47А Исус, кога ја виде мислата од нивните срца, зеде едно дете и го постави пред Себе,
48па им рече: – Кој ќе го прими ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој е голем.
(Зачало 48)
49Одговори Јован и рече:#Четврток од 22-та седмица по Педесетница: Во она време, пристапи кон Исуса еден од учениците Негови и Му рече: – Наставниче, видовме еден човек, кој во Твое име истерува бесови, па му забранивме, бидејќи не оди со нас.
Крај на средата
50Исус му рече: – Не забранувајте! Оти, кој не е против вас, тој е со вас.
51А кога наближија деновите на Неговата смрт, Он тргна по#Ова на св. Убрус: Во она време, кога наближија деновите на смртта Исусова, тргна Он по патот за Ерусалим;
52и испрати пред Себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско село да подготват за Него.
53Но не Го примија, зашто имаше изглед на патник што оди во Ерусалим.
54Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа: – Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?
55Но Он се сврте кон нив, им забрани и рече: – Не знаете од каков дух сте вие;
56зашто Синот Човечки не дојде за да погубува човечки души, туку да спаси. И отидоа во друго село.
Крај на четвртокот. Изостави на св. Убрус и премини на зач. 52
(Зачало 49)
57Акога одеа по патот,#Сабота од 26-та седмица по Педесетница: Во она време, кога одеше Исус по патот, некој Му рече: – Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш!
58Исус му рече: – Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда, а Синот Човечки нема каде главата да ја потслони.
59На друг, пак, му рече: – Врви по Мене! А тој одговори: – Господи, дозволи најнапред да отидам и да го погребам татка ми!
60Но Исус му рече: – Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци, а ти врви по Мене и проповедај го царството Божјо!
61А еден друг рече: – Господи, ќе идам по Тебе, но дозволи ми најнапред да се простам со своите домашни.
62Но Исус му рече: – Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за царството Божјо.
Крај на саботата

Селектирано:

Лука 9: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се