Марко 16
16
ГЛАВА 16
(Зачало 70)
1Штом мина#Второ воскресно евангелие: Во она време, штом мина саботата, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исуса.
2И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето,
3па си говореа помеѓу себе: – Кој ќе ни го оттргне каменот од вратата на гробот?
4И кога погледнаа, видоа дека каменот е оттргнат; а тој беше многу голем.
5Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија.
6А тој им рече: – Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, – Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што Го положија.
7Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.
8Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, бидејќи се плашеа.
Крај на второто воскресно евангелие и на Мироносиците
(Зачало 71)
9А Исус, кога воскресна#Трето воскресно евангелие: Во она време, кога воскресна Исус (Ова и на Вознесение Христово, на утрената). во првиот ден од седмицата, се јави најнапред на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони.
10Таа отиде и им јави на оние што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11но тие, кога чуја дека е Он жив, и дека таа Го видела, не поверуваа.
12Потоа им се јави во поинаков лик на двајца од нив по патот, кога одеа в село.
13И штом се вратија, тие им кажаа на останатите; ама и ним не им поверуваа.
14Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им поверуваа на оние кои Го виделе воскреснат.
15Па им рече: – Одете по цел свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16Којшто ќе поверува и ќе се крсти, ќе биде спасен; а којшто нема да поверува, ќе биде осуден.
17А знаците на тие што ќе поверуваат, ќе бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови, ќе говорат нови јазици;
18ќе фаќаат змии и, ако нешто смртоносно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.
19А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небото и седна од десната страна на Бога.
20Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чуда што се јавуваа. Амин!
Крај на третото воскресно евангелие и на Вознесение Христово
Селектирано:
Марко 16: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008