Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЈОВАНОВО 1

1
Вовед
1Она, што беше од почетокот, што го чувме, што го видовмесо своите очи, што го набљудувавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот - 2и животот се јави, и ние Го видовме и сведочиме и ви навестуваме вечен живот, Кој беше со Таткото, и ни се јави нам - 3она, што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, за да имате и вие заедништво со нас. А нашето заедништво е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос. 4Ние ви го пишуваме ова, за да биде вашата радост полна.
Бог е светлина
5И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина. 6Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината. 7Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нѐ очистува од секој грев. 8Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас. 9Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секоја неправда. 10Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.

Селектирано:

1 ЈОВАНОВО 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се