1 СОЛУНЈАНИТЕ 3
3
1Бидејќи не можевме веќе да го трпиме тоа, најдовме за добро да останеме сами во Атина, 2а Тимотеј, нашиот брат и Божјиот соработник во Евангелието на Христа, го испративме, за да ве зацврсти и охрабри во вашата вера, 3за да не се поколеба никој во овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени, 4зашто кога бевме при вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете така и беше. 5Затоа јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да научам за вашата вера, да не би ве искушал искушувачот и да не биде напразен нашиот труд.
6А сега, откако ни дојде Тимотеј од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека имате секогаш добар спомен за нас и дека копнеете да нѐ видите, како и ние вас, 7затоа, браќа, се утешивме за вас поради вашата вера во сета своја потреба и неволја; 8зашто ние живееме сега, кога вие стоите цврсто во Господа. 9Зашто, каква благодарност можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост со која се радувавме поради вас пред својот Бог? 10Ноќе и дење се молиме најусрдно да го видиме вашето лице и да го дополниме тоа, што ѝ недостига на вашата вера.
11А Самиот Бог и нашиот Татко, и нашиот Господ Исус Христос да го управи нашиот пат кон вас! 12А Господ да направи вие да растете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, како што и ние ја имаме кон вас, 13за да ги утврди вашите срца да бидат непорочни во светост пред нашиот Бог и Татко, при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Свои свети.
Селектирано:
1 СОЛУНЈАНИТЕ 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.