2 КОРИНТЈАНИТЕ 7
7
1И така, возљубени, имајќи ги овие ветувања, да се очистиме од секоја духовна и телесна нечистота, довршувајќи ја својата светост во страв пред Бога.
Апостолова радост заради слогата во црквата
2Дајте ни место во своите срца! Никому не му направивме неправда, никого не упропастивме, никого не искористивме. 3Не ви го велам ова за да ве осудам, зашто, реков пред малку, дека сте во нашите срца, за да умреме и за да живееме заедно. 4Имам голема доверба во вас, и многу се фалам со вас; исполнет сум со утеха; преизобилувам со радост, во сите наши неволји.
5Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв. 6Но, Бог, Кој ги утешува потиштените, нѐ утеши со доаѓањето на Тит; 7и не само со неговото доаѓање, туку и со утехата, со која тој се утеши заради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност за мене, така што се зарадував уште повеќе. 8Зашто, ако ве и нажалив со ова писмо, не се кајам. Па ако сум се и покајал, навистина гледам дека посланието ве натажи, ако и за малку, - 9сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е. 10Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт. 11Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. Покажавте во сѐ дека сте чисти во тоа дело. 12Така, ако ви и пишав, не го напишав тоа заради навредувачот, ни заради навредениот, туку за да се покаже при вас, пред Бога, вашата ревносна грижа за нас. 13Затоа се утешивте. Но покрај оваа наша утеха, многу повеќе се зарадувавме заради радоста на Тит, зашто сите вие го освеживте неговиот дух. 14Ако му се пофалив со нешто за вас, не се посрамив, туку како што ви зборувавме сѐ во вистина; така и нашето фалење пред Тит се покажа вистина. 15А неговото срце уште повеќе чувствува за вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас: како го примивте со страв и трепет. 16Се радувам што можам во сѐ да се надевам на вас.
Селектирано:
2 КОРИНТЈАНИТЕ 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.