2 КОРИНТЈАНИТЕ 8
8
За собирање прилози
1Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; 2дека, иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабоката беда, покажаа преизобилно богатство на нивната дарежливост. 3Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно 4и нѐ молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите. 5И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја. 6Затоа го замоливме Тит како што порано започна, така и да го заврши меѓу вас и ова дело на љубовта. 7И како што изобилувате во сѐ, во верата, во словото, во знаењето, во секаква ревност и во љубовта кон нас, покажете го своето изобилство и во ова дело на љубовта. 8Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите. 9Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија. 10Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои веќе од минатата година го почнавте не само со дело, туку и со својата волја. 11А сега довршете го и тоа дело: како што бевте подготвени да сакате, така да бидете подготвени и да го довршите, според она што имате. 12Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема. 13Не сакам олеснувањето на другите да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност: 14во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност, 15според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.“
16Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит! 17Зашто ја прифати нашата молба, но бидејќи многу ревносен, доброволно отиде при вас. 18Со него го праќаме и братот пофалуван, за работење на Евангелието по сите цркви. 19И не само тоа, туку црквите го избраа да патува со нас во ова дело на љубовта, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и да ја покажеме својата подготвеност. 20Со тоа сакаме да избегнеме да не ни се префрли заради овој изобилен подарок што го донесуваме. 21Зашто, ние се грижиме за она што е добро не само пред Господа, туку и пред луѓето. 22А со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност ја испитавме повеќе пати во многу работи, а кој е уште поревносен сега, заради големата доверба во вас. 23Што се однесува за Тит, тој е мој другар и соработник за вас. А што се однесува за нашите браќа, тие се пратеници на црквите и Христова слава. 24И така, покажете им го пред црквите доказот на вашата љубов и на нашите пофалби за вас.
Селектирано:
2 КОРИНТЈАНИТЕ 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.