Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 36

36
Исавово родословие
1Ова е потомството на Исав, кој се викаше и Едом. 2Исав зеде за себе жени од хананските девојки: Ада, ќерка на Хетеецот Едон; Оливема, ќерка на Ана, внука на Евеецот Севетон; 3и Васемата, Исмаилова ќерка, сестра Навитова. 4Ада му го роди на Исава: Елифаза, а Васемата му ги роди Рагуила; 5Оливема ги роди: Еуса, Јеглома и Кореја. Тоа се Исавовите синови, кои му се родија во Ханаанската Земја. 6Исав ги зеде своите жени, своите синови, своите ќерки, сите деца на својот дом; својот добиток - крупен и ситен; сиот имот што го спечалил во Ханаанската Земја, и отиде во Сирската Земја, далеку од својот брат Јаков. 7Имено, нивниот имот толку се зголеми, што не можеа да останат заедно: крајот во кој престојуваа не можеше да ги издржава поради нивниот добиток. 8Така Исав, наречен Едом, се насели во планинскиот крај Сир.
9И така, ова е потомството на Исав, прататко на Едомците, во планинскиот крај Сир. 10Овие се имињата на Исавовите синови: Елифаз, син на Исавовата жена Ада; Рагуил, син на Исавовата жена Васемата. 11Елифазови синови беа: Теман, Омар, Сефо, Готом и Кенез. 12Темна му беше соложница на Исавовиот син Елифаз; таа му го роди на Елифаза - Амалик. Тоа се потомците на Исавовата жена Ада. 13А овие се синовите на Рагуила: Нахат, Зара, Сама и Миза. Тие ѝ беа синови на Исавовата жена Васемата. 14А овие пак се синови на Исавовата жена Оливема, Анината ќерка, Севегоновата внука; таа му ги роди на Исава: Еуса, Еглама и Кореја. 15Овие се родовски првенци на Исавовите потомци: потомците на Исавовиот првенец Елифаз: кнез Теман, кнез Омар, кнез Сефо, кнез Кенез, 16кнез Кореј, кнез Готом и кнез Амалик. Тоа се родовските главатари на Елифазовите, во Едомската Земја; тоа се Адините потомци. 17А овие се потомците на Исавовиот син Рагуил: кнез Нахат, кнез Зара, кнез Сама и кнез Миза. Тоа се родовските главатари на Рагуиловите во Едомската Земја; тоа се потомци на Исавовата жена Васемата. 18А овие се потомците на Исавовата жена Оливема: кнез Еус, кнез Еглам и кнез Кореј. Тоа се родовските главатари на Исавовата жена Оливема, Анина ќерка. 19Тие се синовите на Исав - Едом, нивни кнезови.
20А овие се синовите на Кореецот Сир, жители на онаа земја: Лотан, Совил, Севетон, Ана, 21Дисон, Асар и Дисан. Тоа се првенците на Хорејците, на Сировите синови во Едомската Земја. 22Лотанови синови беа: Хори и Емам; а Темна беше Лотанова сестра. 23Овие беа Совилови синови: Алван, Манахат, Гевал, Сефо и Онам. 24Севетонови синови беа: Аја и Ана. Ана е оној, кој ги најде топлите извори во пустината, додека ги чуваше ослињата на татка си Севатона. 25Овие беа Анини деца: син Дисон и Анината ќерка Оливема. 26Овие беа Дисонови синови: Амадан, Асван, Итран и Харан. 27Овие беа Асарови синови: Валан, Заван и Акан. 28А Дисанови синови беа: Уз и Аран. 29Овие се кнезови на Хорејците: кнез Лотан, кнез Совил, кнез Севетон, кнез Ана, 30кнез Дисон, кнез Асар и кнез Дисан. Тие беа кнезови на Хорејците, главатар по главатар, во Сирската Земја.
31Еве ги царевите, што царуваа во Едомската Земја, пред да завладее царот на Израелевите синови. 32Веоровиот син Вел владееше во Едом; неговиот град се викаше Денава. 33Кога умре Вел на негово место се зацари Јоав, син на Зара од Восора. 34Кога умре Јоав на негово место се зацари Хусам од Теманската Земја. 35Кога умре Хусам на негово место се зацари Адад, син Вададов, кој ги порази Мадијамците на Моавското Поле. Името на неговиот град беше Авит. 36Кога умре Адад, место него се зацари Самла од Марсек. 37Кога умре Самла, место него се зацари Саул од Роват, што е при Реката. 38Кога умре Саул на негово место се зацари Валанан, Ахоров син. 39Кога умре Валанан синот Ахоров, на негово место се зацари Адар. Името на неговиот град беше Пау. Неговата жена се викаше Метавеила. Беше Матредова ќерка, од Мезава. 40Овие се имињата на Исавовите старешини со нивните имиња по родовите и по сместувањето: старешина Тамна, старешина Алва, старешина Етет, 41старешина Оливема, старешина Ила, старешина Финон, 42старешина Кенез, старешина Теман, старешина Мивсар, 43старешина Матедил и старешина Ирма. Тие беа едомски кнезови, според нивните населби во земјата што ја зазедоа. Тоа е Исав прататко на Едомците.

Селектирано:

БИТИЕ 36: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се