ИСАИЈА 61
61
6. Навестување на спасение
а. Месија и Добра Вест
1„Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница; 2да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог; 3да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад - за Негова слава.
б. Возвеличување на Сион во дни на Месија
4Тие повторно ќе ги кренат старите урнатини, ќе ги подигнат пак запустените места, урнатините и минатите поколенија.“ 5Туѓинците ќе дојдат за да ги пасат стадата, странци ќе ви бидат земјоделци и лозари. 6А вас ќе ве викаат: „Господови Свештеници,“ ќе ве наречуваат: „Служители на нашиот Бог.“ Ќе ги уживате богатствата на народите, ќе се гордеете со нивните блага. 7Двоен беше нивниот срам - ругањето и презирот им беа наследство - затоа ќе наследат двојно во својата земја, нивната радост ќе биде вечна. 8„Зашто Јас, Господ, ја љубам правдата, а го мразам неправедниот грабеж. Ќе ги наградам верно и ќе склучам со нив вечен Завет. 9Славно ќе им биде семето меѓу племињата и потомството меѓу народите. Секој кој ќе ги види, ќе препознае дека се семе што Господ го благослови.“
в. Пофална песна за искупителна Божја љубов
10Со голема радост се радувам во Господа, мојата душа воскликнува кон мојот Бог, зашто ме облече со облека на спасението, ме наметна со плаштот на праведноста, како младоженец кога ќе си стави венец или невеста кога ќе се украси со накит. 11Како што земјата ги никнува своите растенија, како што во градината никнува семето, Господ ќе направи да никне правдата и пофалбата пред сите народи.
Селектирано:
ИСАИЈА 61: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.