ЕРЕМИЈА 12
12
в. За благосостојба на нечестиви
1Преправеден си, Господи, за да можам да се судам со Тебе: Само едно би расправил со Тебе: Зошто е злосторничкиот пат успешен? Зошто подмолниците уживаат мир? 2Ти ги посади, а тие се вкоренеа, растат и донесуваат плод. Но Ти си близу само до нивната уста, а далеку си од нивните срца. 3Но Ти, Господи, ме познаваш мене и ме гледаш; го испита моето срце, тоа е со Тебе. Одведи ги како јагниња на колење, запази ги за денот на колежот.
4До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.“
5Ако се уморуваш трчајќи со пешаците, како ќе се тркаш со коњите? Кога имаш надеж во мирната земја, како тогаш ќе врвиш низ јорданските шумки? 6Зашто и твоите браќа и домот на твојот татко се дволични кон тебе! И тие те оцрнуваат зад грб со сета уста. Не верувај им кога ти зборуваат милно.
7Го оставив својот дом, го напуштив своето наследство; возљубеницата на своето срце ја дадов во рацете на нејзините непријатели. 8Моето наследство стана за мене како лав во гората. Зарика на мене, затоа го замразив.
9Зар е моето наследство шарена птица околу која другите слетуваат отсекаде? Ајде, соберете се, сите диви ѕверови, дојдете да јадете. 10Мнозина пастири го запустија моето лозје, го изгазија мојот дел; моето мило наследство го претворија во гола пустина, 11го претворија во запустеност, жалосна пустина е пред мене. Сета земја е пуста зашто никој не го зема тоа при срце.
12Преку сите пустински голини, се нафрлија разурнувачи. Зашто во Господа е мечот што голта: од едниот крај на земјата до другиот нема мир за ниедно тело. 13Сееја пченица, а пожнееја трње: се исцрпија без полза. Се срамат од својот производ, сѐ заради Господовата јарост.“
14Господ зборува вака: „За сите Мои лоши соседи, кои напаѓаа на наследството што Му го дадов на Мојот народ Израел, Јас ќе ги откорнам од нивната земја. Но Јудиниот дом ќе го истргам од нивна средина. 15А кога ќе ги откорнам, пак ќе им се смилувам и ќе ги поведам назад, секого во наследството и во земјата негова. 16Па, ако навистина ги научат патиштата на Мојот народ и ако почнат да се заколнуваат во Моето Име - ‘Живиот ми Господ’ - како што го учеа Мојот народ да се заколнува во Ваала, тогаш пак ќе се настанам среде Мојот народ. 17Ако пак не послушаат, тогаш таквиот народ потполно ќе го откорнам и ќе го сотрам,“ зборува Господ.
Селектирано:
ЕРЕМИЈА 12: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.