Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 39

39
1Знаеш ли како се размножуваат дивите кози?
Дали виде како се раѓаат кошутите?
2Дали изброја колку месеци носат?
Знаеш ли во кое доба се породуваат?
3Наведнувајќи се, ги породуваат своите срнчиња
и го растеретуваат бремето среде пустината,
4а кога породот ќе им зајакне, растат во полето,
го оставаат и не му се враќаат.
5Кој му ја даде слободата на дивото осле
и кој го симна оглавникот од неговата глава?
6Пустината му ја дадов за родно место
и солените полиња за да живее таму.
7Тој му се потсмевнува на шумот на градовите
и не ги слуша повиците на терачите.
8Скита по ридовите, по своите пасишта,
во потрага за секакво зеленило.
9Можеш ли биволот да го направиш слуга,
да го задржиш една ноќ во јаслите?
10Можеш ли да го приковеш за браздата,
за да го влече ралото по твоите бразди?
11Можеш ли да се потпреш на него,
зашто е преголема неговата сила
и да му ја препуштиш својата тешка работа?
12Дали мислиш дека ќе ти се врати
и дека ќе ти дотера жито на гумното?
13Нојот трепери радосно со своите крилја,
иако се скудни крилјата и перјата.
14Тој ги остава своите јајца на земјата,
му ги доверува на песокот да ги грее,
15не грижејќи се дека може да ги згази нога,
или да ги згмечи некаков див ѕвер.
16Постапува со нојчињата како со туѓи;
тој не се грижи дека трудот му е напразен.
17Зошто Бог го лиши него од памет,
не му даде никаков разум.
18Ама кога ќе се вивне нагоре,
тогаш им се потсмева на коњот и коњаникот.
19Зар ти му подари сила на коњот?
Зар ти му го украси вратот со гривна?
20Зар ти правиш да скока како скакулец,
секого да натера во страв со р’жењето?
21Весело ја раскопува земјата со копитото,
храбро излегува против оружјето.
22Му се потсмева на стравот, од ништо не се бои,
не ќе се повлече ни пред меч.
23На неговите задни страни ѕвечи торба со стрели,
копјето светка и бојната сулица.
24Бесен и нестрплив ги голта пространствата;
кога ќе засвири рогот, кој ќе го задржи:
25Тој за’ржува при секој звук на рогот: Вришти, ха!
Веќе оддалеку тој го надушува лутиот бој,
бојната викотница и извиците на војсководачите.
26Зар по твојата промисла лета соколот
и ги шири своите крилја кон југ?
27Зар на твој налог се крева орелот
и си свива гнездо врз височината?
28Врз стрма карпа тој живее и ноќева,
на планинските сртови на високите стрмнини.
29Оттаму дебне втренчено на пленот,
неговите очи гледаат далеку.
30Неговите орлиња се хранат со крв;
каде има убиени, таму е и тој.“
Д. Јовово покајно смирување

Селектирано:

ЈОВ 39: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се