Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 40

40
1И Господ му се обрна на Јова и му рече:
2Зар кудачот ќе се препира уште со Јакиот?
Божјиот тужител нека одговори сам!“
3А Јов Му одговори на Господа и рече:
4“Премногу сум мал: што да одговорам?
Со мојата рака ќе ја затворам устата.
5Реков збор - нема веќе да започнувам;
реков два - ама нема да продолжам.“
Е. Божји одговор од бура
1. Бог го повикува Јова
6Тогаш Господ му одговори на Јова
од бурата и рече:
7„Препаши го својот крст како јунак,
Јас ќе те прашувам, а ти поучи Ме.
8Зар сакаш да го изгазиш и мојот суд,
да Ме обвиниш, за да се оправдаш себеси?
9Зар твојата мишка ја има Божјата сила?
Зар можеш да грмиш со гласот како Него?
10Наметни се со сјај и величество,
облечи се со достоинство и слава.
11Избувни со гнев на жесток оган,
понизи го гордиот со еден поглед.
12Погледај го горделивецот, скрши го,
сотри го наместо, секој злосторник.
13Закопај ги сите нив, заедно, во земјата,
затвори ги во мрачна темница.
14Тогаш и Јас ќе ти дадам пофалба
дека се ослободи со својата десница.
2. Бог творец на нилскиот коњ, не може да биде победен од човек
15А сега, ете, разгледај го нилскиот коњ,
се храни со трева како добиток,
16ете, неговата сила е во бедрата,
а јакоста му е во мишката на мевот.
17Ја здрвува кренатата опашка како кедар,
жилите му ги испреплетија сите бедра.
18Неговите коски се железни цевки,
неговите зглобови се глуждови од железо.
19Тој е првенец на Божјото создавање,
Творецот го вооружи со меч.
20Планините му донесуваат данок во храна,
и сите ѕверови што играат по нив.
21Тој почива навален под лотосот,
мочуришните трски и калта го кријат.
22Лотосовите лисја му прават сенка,
тој се лади под поточните врби.
23Ако надојде реката, тој не се плаши:
воопшто него не би го загрижило
и целиот Јордан да затече во неговата уста.
24Кој може да го фати за очите
и кој може да му го прободе носот со стрела?

Селектирано:

ЈОВ 40: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се